облечен прид.
облече св.

облечен (прид.)

За делче од миг низ неговото сеќавање поминал настан од неговото најрано детство: неугледна старица од некое планинско село дошла на еден Велигден во полна црква и со голем крст во рацете го надвикала свечено облечениот поп барајќи од набожниците да појдат по неа во доброволна смрт.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Да беше ден исто така можеше да се види дека сликата е од едно четиринаесетгодишно дете, босо и облечено во измаслени работнички алишта.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Облечена во древната облека на утрото од рујни зрна сончевина Нанижани на танките и нечујни нишки на тихиот здив на птиците овде сѐ уште самува сенката на нејзиниот глас.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Еден ден додека се печеше на сонцето потпрен со грбот на колипката и дремеше, чу плискање на весла и доаѓање на чун; потоа виде како низ трските се пробива кон него некаква жена облечена во црно.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Го потргнува превезот што го дели широкиот кревет на две половини и гледа во креветот лежи Хера облечена во блескава ношница и со круна на главата како кралица.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ама и како да не беше гроб туку некоја мермерна трпеза околу која беа наседнати дебелкави и дебели тркалезнообрзани луѓе, сите облечени повеќето во униформи, со тешки ордени на градите, со златни колани и позлатени гранчиња на капите.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
И секој од нив на свој начин му ги објаснуваше кривовштините што ги прави државата (некои тоа го нарекуваа ненародниот систем) и му објаснуваа зошто народот е сиромашен, ненајаден и лошо облечен и дека сите треба да бидат еднакви, сите да имаат работа и плата, а не така како што е сега - ти работи, а некој друг да се богати и богато да живее.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Приказните што сакаш или не ќе ги чуеш од луѓето облечени во полу и цела црнина не можеш да ги игнорираш.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Само не знаеја децата дали една и иста мравка изнесува повеќе или само едно зрно, бидејќи сите имаа еден „сурат", сите беа облечени во црни алишта и обуени во исти опинци.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тие, сите беа облечени во црни фустани и врзани со црни шамии.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ме гледаат: ситно девојче облечено во црни алишта и нешто се премислуваат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Бев облечена во прекрасно везено фустанче. Ми го везеше и ми го шиеше мајка ми. Со народен вез.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Дали во облеката што ја носиш, облечена е и душата твоја?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ми дошла облечена во руво невестинско и ме моли да ја спасувам...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Змејко им помогна во тоа и сега стоеја на вратата, сосема облечени и со пушките в раце.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И ова утро полковниците се искачуваат со коњите по падините на планината над селото, додека селаните празнично облечени излегуваат од куќите и се упатуваат кон црквата Св.Ѓорѓија на утринска молитва да му се помолат на светецот за живот и здравје и да им помогне во спортот...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Чекам да ми се сврти оној што е поинаку облечен од мене, од нас: чекам да ми се намести со тилот. 67
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тој беше облечен топло, а преку рамото му висеше двоцевката.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Навтапито ги прескокна скалилата, влегоа низ вратата без чукање или ѕвонење и ја затекоа идната снаа облечена а разбушавена, расплакана и уплашена, како мемоли нешто што не можеше да се разбере.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
На нозе влечки, облечена во широки шарени чентијани и на главата шамија врзана од позади.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Повеќе