облина (ж.)
Беше прекриена со лесен чаршаф преку кој се оцртуваа облините на нејзиното тело, низ едвај забележливи поместувања, со благи бранови според ритамот на дишењето.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Тесен црвен појас, амблемот на Јуниорската анти-секс лига, и беше неколкупати обвиткан околу половината над комбинезонот, доволно стегнат за да ја истакне облината на нејзините колкови.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Одвреме-навреме одел и дома ѝ, и гледајќи ја каде што се движи низ куќата, не му изгледала толку дебела, сѐ додека не седнела, при што сите облини се спојувале: нозете ѝ станувале како една, колковите се ширеле, а горниот дел од телото се спуштал надолу, се скусувал и раширувал.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Ја изгаси ламбата во собата, го отфрли чаршафот од снагата и го одвитка турбанот од главата, па ја навлече преку глава летната ношница; но и при слабата надворешна светлина Боге ѝ ги наѕре како низ пајажина познатите, а сепак пожелни облини.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Јас го правев тоа со страст што ме опијануваше, шмукајќи ја првин едната, а потоа другата брадавица, апејќи ги цицките чие менување на облините го чувствував на површината на усните и јазикот, кој застануваше на места за потоа одеднаш да направи свиок со врвот, да притисне, да потсети дека јас сум тука и дека таа игра не е надвор од мене, дека таа е дел од моето рацио, дека знам што правам и дека знам зошто го правам тоа.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Нагоре одеше ридот, со модро-белузлавите облини и темни засеци.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Кожата ѝ беше влажна, но од неа избиваше топлина што го надополнуваше чувството од допирот на облината.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Бонети започна на брзина да ѝ ласка како е убава, како е градена, какви ѝ се облините, лицето, бојата на косата, сјајот на очите...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Ги допираше со своите облини, се виткаше пред нив создавајќи им вртоглавица, зашеметеност; лудуваа тие по нејзините испружени раце, по нејзините растреперени и игриви делови на телото, по нејзината долга, развиорена коса како гривна на ждребица; лудуваа и кога ќе почнеше да се крши пред нив, да игра и да потскокнува ширејќи ги рацете како крилја, како да сака да полета.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Скоро ги залепи за нејзината облина.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
И нели е тоа причината заради која харемската мисирка безуспешно ја виткаат во најлонски обвивки кои впрочем, уште повеќе ги истакнуваат нејзините облини?
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Уште на почетокот, кога во однесувањето на госпоѓа Мариела, при честите службени контакти, го проѕре кај неа чувството на наклонетост кон себе, Богдан не можеше да си објасни дали тоа беше резултат на своето, со оглед на годините (тој од госпоѓа Мариела беше помлад дванаесет години) нагласено љубопитство (ако тоа се читаше од погледите со кои тој шеташе по нејзиното високо, видно потполнето, со нагласени облини, но складно тело) или на решеноста на оваа жена со својот порив да направи баланс меѓу срцето и разумот и отсуството на сопруг за нормален живот да го надополни со разуздан одговор на страста која ја поседуваше и заради која еден млад човек беше подготвен да им се подреди на сите нејзини желби.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)