образложи (св.)
А потоа се обиде и да ја образложи својата заборавност: - Веројатно и ти ќе се однесуваше на сличен начин ако ја имаше за доброутро онаа глетка.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
- Г-ѓо, ние не работиме на тој принцип, поточно вака да ви образложам, ако дозволувате, ние не сме во можност да одвојуваме средства за спонзорство на индивидуални лица.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Ваквите дејства, најпозанатиот кант автор на некогашната СФРЈ ги образложи со тоа дека е висок, леп и плав.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Еве, пред вас, истото морав да го образложувам на еден млад татко чие дете боледуваше од леукемија, потоа на една жена која бараше права што им следувале на инвалидни лица ...
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Тој го пригрна разбирањето, сѐ уште недоволно образложено а уште помалку општо признато, дека шахот е уметност, и дека да му служиш, значи да ги доживуваш сите оние наслади, но и ломења, што ги носи со себе службата на возбудениот дух.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
И почна во тој правец да дејствува кај буљукбашијата. My го образложи овој план, и овој се согласи, толку повеќе што и неговиот паша од Скопје му пиша бунтовниците живи да му се испратат, до колку ќе се предадат живи.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Значи, накратко образложуваме, дека целиот циклус на критичката мисла е далеку зад нас, дека спаѓа во разнишаната традиција на европскиот дух.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Тој го образложи како економскиот, така и политичкиот аспект...“
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Секој од наведените правци има свои карактеристики и методи и секако дека би ни требало многу повеќе време и простор за да се образложат поединечно.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Ова го зборуваше со некој друг тон, можеби укажувачки или изнасилено доверлив; згора на тоа не беше свртен кон мене туку кон изворот на светлината што беше вперена во моите очи, и дури тогаш сфатив дека иследникот и јас не бевме сами во просторијата на катот; дека тој не спори со некои од моите изјави туку се обидува мојот случај да му го образложи на непознатиот гостин.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Судот оправдано образложи дека самото постоење на зборот жалба, во оспорениот член, создава правна несигурност кај граѓаните – што, пак, е спротивно на уставно постулираното начело на владеење на правото, коешто во себе го содржи начелото на законитост.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)