овација (ж.)
Со циркуското камионче влезе во дворот на болницата и таму изведе чудесна претстава која траеше речиси три часа, во која затвореничките уживаа од терасата, со безобразни дофрлања и претерани овации.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Беше волшебно. Публиката беше воодушевена и ја наградуваше Перуниќ со силни овации.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Крајот на неговиот говор е пречекан со огромни овации. Но овој триумф беше минлив.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)