одвои св.

одвои (св.)

Зар може да се побегне тукутака од девојката од која неодамна не можеше да се одвои ни за прст!?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Се собраа токму на време да видат како Ластовицата, одморена и свежа, се одвојува од јарболот и летнува кон север.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Во врска со кршењето и намалувањето на работничките права вреди да се спомне и тоа дека овие две појави не се со ѕид одвоени една од друга.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Познавачите на срцето на автомобилите ги советувале да возат и само да возат оти застанувањето може да ги одвои од патот и од зацртаната цел.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Раздалеченоста како маниристичко средство и знак за сублимација често дејствието на долгометражните филмови на Гринавеј го одвојуваше од поширокото прифаќање на гледачот, од вообичаената наизменична смена на психолошки убедливите кадрови кои осигуруваат непосредност.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
- Г-ѓо, ние не работиме на тој принцип, поточно вака да ви образложам, ако дозволувате, ние не сме во можност да одвојуваме средства за спонзорство на индивидуални лица.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Бидејќи каналот бил готов, било решено да се одвои неопходната количина динамит за минирање на Банката.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Со денови не можеа да го одвојат од коцкарницата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Всушност, на платното немаше ништо друго освен кругот и потписот, но авторот беше многу љубезен и несебично одвои време да ми ги воочи горенаведените подробности, а тие беа толку очевидни, што ме фати срам поради моите глупави и излишни прашања.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Едно дете се одвои од своите родители, ми пријде, касна половина од чоколадното бонбонче што го држеше в рака, а другата половина ми ја подаде мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но внатрешната принуда не може да ја поднесе очигледната мрзливост, која тешко може да се одвои од статистиките за невработеноста.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Свиркајќи тивко од нас се одвои Петко, пристапи до платнениот ѕид и од брз замав го расцепи со нож.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Со сивата паларија со црн ширит што започна да ја носи уште за време студиите во Цариград кај блиските по мајчина линија уште во дваесеттите години на веков, а од која не се одвојуваше до крајот на животот, со црната службеничка чанта преполна со книги, стари отомански списи, остануваше некако настрана од овие луѓе, забрзани во животот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Механизмот на памтењето со мака ги оживува, често беспомошен да ги поврзе и да ги одвои од случајностите, да ги предаде наполно и јасно.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Од динамитот што останал по одвојувањето за минирање на Банката и дванаесетината колограми за диверзија на бродот, биле направени 70-80 примитивни рачни бомби.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ако се случеше во сонот да се одвои од неа, ќе срипаше како попарен, исплашен да не се претвори во пердув, ветерот да не го подземе.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Небаре двете половини на тој човек беа одвоени една од друга.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Знам, вели таа од другата страна на оградата што ја одвојува градината од уличката, знам, ти не беше со булукот бегалци, отпосле се јави со ова китче во рацете и со овој чувар крај себе.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Веднаш, мислиш ја знаеле пресудата уште пред настанот, се одвоил еден сув и висок, целосно ист и исто облечен како и другите негови врсници.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Убавината станува таинственост. Површините и цртите се одвојуваат од исклучиво предметната врзаност, се осамостојуваат, најнапред во горчливи игри.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Повеќе