оддава несв.
оддаде св.

оддава (несв.)

Парата драстично го менува човекот но не го менува табиетот на волкот нешто малодушно те оддава од внатре да покаже дека си ѓубре од човек
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Упорно се задлабочуваше во текстот, прашувајќи се себеси каде греши, што е она што таа не можеше да го види, да го спознае, а сите други (компетентни и некомпетентни по тоа прашање) го согледуваат и му оддаваат огромно признание; што е она толку посебно, толку необично заводливо што тој го поседува во себе, во својот стил, во својата реторика и техника, во својата методика на пишување, што на другите им недостига.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Крпите служат за бришење садови во кујна или им се оддава почесно место на ивицата од лавабото, стуткани за да не реметат со својата флекавост.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Ги вртат ладалата и со ситни чекори оддаваат внимание на некоја чудна миловидна, невина елеганција.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Построена на полјанката пред логорот, околу висок јарбол, бригадата му оддаваше почест на знамето се развеа понесено од лесниот утрински ветрец.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Го гледаше право в очи, со молбен израз кој оддаваше повеќе страв отколку болка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ослободени од времето, се оддаваат на некое непрекинато летање, како вилините коњчиња со еднодневен живот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Зло на кое треба да му се оддава принудно почитување.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сета злокобна должина оддаваше чувство на еластичност и отпорност.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ема беше сосема гола, оддавајќи впечаток на питомост и дарежливост, но во исто време, видена од мојата страна, држеше до својот пркос, подигната на високи штикли од кои израснуваа нејзините долги, необично раширени нозе.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Пред да го оставиш бакшишот, оддаваш едноминутна почит (уместо панихида) за жртвите на масакрот...
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Усните му беа бузлести, влажни, како џигер посинети и со некоја растегливост поради која час оставаше впечаток на човек со шарм, на ведро небо на кое сепак се појавуваа секавици што оддаваа опасно зол човек.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Имаше облечено нова мантија и ставено нова шапка; инаку носеше фетва мантија, излижана и посивена од сонцето; имаше густа брада што му се спојуваше со косата и мустаќите; му се испакнуваа само јаболкцата на образите кои оддаваа црвенило и здравотија; кога газеше, газеше со појадри чекори, при што со нозете како да ја набиваше калдрмата по патот, а мантијата му се затегаше напната во колениците и шушкаше; крстот заедно со клучовите од манастирските порти и простории, провиснати од десниот џеб, му се нишкаа при одење и ѕвецкаа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Во таквите моменти се оддавав на средување на куќата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Игуменот им го покажа и гробот на св. Наум и им рече: - Закопан е пред илјада години, а срцето сѐ уште му чука... - се наведна, го залепи ушето на плочата од гробот, постоја така вслушнувајќи се; полковниците заинтересирано го гледаа игуменот, кој, станувајќи, оддавеше со лицето блаженост и задоволство што го чул живиот отчук на срцето на светецот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Дека нема да откриваш бројки, димензии, нема да оддаваш никакви податоци, цифри?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Виножитото во црната сува земја го оддава присуството на светоста во природата, во праформа на животот – рече старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Славчо молчеше и си го гризаше малото прсте: очите му гореа и оддаваа силно и длабоко задоволство. ***
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Но, очигледно е дека претставникот на КСС ги „помешал лончињата“ – имено, според ЗРО, оддавањето деловна тајна не спаѓа во групата на „деловни причини“ за отказ!
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
По шпицата, презентерот чијшто лик го знаеше целата земја и кој според некое непишано правило секоја вечер погрешно ја сложуваше вратоврската со сакото, со глас што оддаваше лажна енергичност, го најави првиот прилог – киднапирање на ќерката на висок гардиски полковник од страна на нејзин колега, вработен во Секретаријатот за информирање.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Повеќе