оддесно (прил.)
Ги прифаќа и тој шишињата што му ги тутнуваат в раце и одлево и оддесно, им прави чест на добродушните селани, лизнува по малку од ракијата, а тие гледаат на сите начини да им угодат на гостите од градот.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Кога се исправа пред седелката, со левата рака држејќи се за дрвото, а во десната држејќи го секирчето, некое време се навикнува на темницата внатре, потоа, кога го здогледува бувот, исправен и скукален сред седелката, го зема со секирчето од страна, оддесно.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тој ми беше оддесно, облечен во долго носена кошула со сино-бели коцки од слаба чоја.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Илко и Доста застанаа едно до друго; зад нив нункото со свеќите на нивните рамена, одлево деверот, оддесно старисватот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Повели, бујрум, ористе, шо велаат солунките! — и ја зеде оддесно да ја води горни крај, туркајќи ја вратата на мандало.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Одлево, откај аголот, брзаше колата „брза помош“, оддесно јуреше една велосипедистка - прилично дебела дама, во црвена, колку што јас можев да забележам, баретка.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Најупадлива разлика е насоката во којашто јазиците се пишуваат - одлево надесно, оддесно налево (на пр. арапски), озгора надолу (на пр. традиционалниот јапонски) и невообичаениот смер одоздола угоре (на пр. некои форми на старогрчкиот).
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Трошчејкин влегува оддесно и се свртува назад кон вратата.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Здрвен целиот, стоеше меѓу луѓето, и оставаше да го туркаат де одлево, де оддесно.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)