одлее (св.)
- Скокна младиот артист, а мастиката му се одлеа од чашката додека цигарата ја изгасна не во пепелницата туку во пјатото со варените јајца исечкани на тркалца и посолени со црн бибер во капка зејтин.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Хаосот се јавува дури и во наизглед простите њутновски системи каде што не постои одлевање на енергијата (ткн. Хамилтонови системи), какво што е движењето на ѕвездите во галаксиите и на атомите во молекулите.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Кон крајот на 1942 била создадена мошне тешка ситуација со разбивањето на некои партизански одреди и одлевањето на кадрите, како резултат на масовни апсења, загинувањето на Мирче Ацев и Страшо Пинџур.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)