одма (прил.)
Ама ми е жал оти не му го тргна одма куршумчето кога избега од гробишчата или во ливадата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
- У секое време можам да им свртам, одма ќе се нацртаат тука за мене.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Одма ми стана јасно дека нешто не штима.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
МИНАТОТО ИСЧЕЗНА КО СТАРА ИЗБЛЕДЕНА СЛИКА Живеј сега и одма, не дозволувај мрачното минато да ти ја одземе сегашноста и иднината, со сребрен сјај.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Ќе видиме ќе земиш или не! — и го затвори токму на Благовец во една од визбите на кулата, го протепа неколку пати и им нареди на Трајка и Кулета да се спремаат одма по Велигден за свадба.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Пилотите исто така беа изземени, откако една климактерична жена предизвика катастрофа намерно удирајќи во зградата на љубовницата на нејзиниот сопруг, ул. 254, влез 3, стан 46, од лифтот одма лево, како одмазда за тоа што тој, сопругот, ѝ купил на љубовницата правосмукалка на вода со ХП филтер, а неа, со три мали деца и долговлакнест териер, не.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Уште одма пристигнува првото големо разочарување.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
- Знаев дека ќе дојдеш, - срипа тој, - уште „од одма“ те оценив дека си човек од збор.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
„Он дојде овде прво. Одма праша каде Рози одела?
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Одма ми в село влегоа, фатија куќи да пленват, фатија амбари да црпат, фатија овци да колат. Тие ми беа Германци.
„Од борбата“
од Блаже Конески
(1950)
- Одмах, ми вели капетан Мирковиќ, а мене срцето ми затупотува под шинела. - Како одмах, му велам, како одмах?
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Другиот си најде место одма тука, под расчаталена лоза, ја остави настрана книгата што ја носеше, не иставајќи ја дланката од неа, и легна на плеќи.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Уместо предговор, увод и сл... Уште одма, на почеток, да се разбереме... Да нема после: не знам, не ми кажаа... Рукописот е пишуван на скопски сленг, али лајт варијанта.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Си се сладел така малечкиот бате Иле, додека едно попладне растревожениот глас на мајка му го викнала одма да се прибере од сокак.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Жанко одма се упати кон Серовски и на сиот глас почна да му се дере: - Серовски копанче едно америчко.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Куќата од Соколета е одма тука, во првото сокаче.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
„Допрениот“ не иде (ко што е ред) кај Благоја Железничарот, туку одма наоѓа двајца сведоци и те тужи за два милиона долари оштета.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
КРТОВИЦА: Јас го осетив одма. Штом почна да се интересира, јасна работа. Ќе излезе на вампире. Знаев.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Кога царот разбрал за волшебниот извор и за џинот, ги свикал својите старешини и им наредил одма голема војска да тргне и да го уништи џинот, а изворот да му служи на царот.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Ја викам него он дојде одма.”
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)