однапред прил.

однапред (прил.)

- Тешко е, не велам, - продолжуваше тетка Рајна, со две деца ретко некоја ќе се нафати да ги гледа, но, ќе се распрашаме однапред, сѐ ќе ѝ се каже, па може и да се најде.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Всушност и сега можам да потврдам дека однапред не постоела одредена цел бидејќи не постоел план.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Да не се определуваме однапред, нека покаже анализата! нагласи Татко. Се согласувам. Најпосле можеме да започнеме.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
потем се наслутува сѐ почесто во глувиот ноќен јасник како слана (во споредба со неа, снегот е мек и топол, Господине) во забраната да се верува во чувствувањето срам да се признае мечтаењето по неа и скришното вљубување во зазорот и распрашувањето за смислата на животот (најдолгите чудења се загушени од банални спреги) во сѐ поприсните признаци од сонот - таму кајшто живееме однапред, повторно и можеби безгранично, таму кајшто времето не се мери со просторни величини и кајшто, конечно, не се дели иако, да признаеме навиката да живееме раздвоено нѐ збунува сега едно-по-друго се подготвуваме да заспиеме да ја избереме спалната, креветот да постелеме нови чаршафи само за една, за наша употреба купуваме ноќници за истата прилика се тревожиме од наглите отворања на вратата низ којашто проблеснува вселената сѐ до неиздржливата глад по Неа.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Се чинеше коњот и неговиот јавач се едно суштество што одвреме-навреме се раздвојува, па секоја од двете засебни единки тргнува по некој свој однапред одреден пат, но веќе во следниот момент двеве разделени единки повторно се слеваа во една нова поцврста целина, која, барем така изгледаше, ништо повеќе не може да ја раздвои.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Противникот однапред знаеше за намерата и добро се подготви за одбрана.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Искри секаа на сите страни околу мене, се искреа низ дамарите на крвта, месечеа попреку, однапред, секаде, на парчиња месечеа... убивајќи ми ја надежта!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Постојат за жал околности што не е можно однапред да се предвидат.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Пред Божик и зад Божик кај и да си, оди на вечера со русокоса придружничка за која однапред се знае дека е ненаситна тигрица со тесна специјалност – черечење на сладникавите занеси.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Новите средни групи практично ги објавуваа своите тирании однапред.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Вие однапред сте ја продале и неговата смрт.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
По тоа се тргна настрана, насладувајќи се однапред на она што требаше да се случи.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Свилената марама ме натера да можам да се погледнам во огледало без однапред познатата аверзија, фрлајќи во дефокус секаков натпис од девијантна природа.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Ја замолив да отиде на таа и таа улица, да ја земе пратката и да ми ја донесе. Ѝ дадов пари за превозот однапред во случај да сум отидена ако пристигне автобусот пред таа да се врати.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Како да правам преврска за сѐ уште неповреден војник и чувствувам дека ми годи што му олеснува претходно, однапред. Нека страда.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тоа што се случува со тебе тука е засекогаш. Сфати го тоа однапред.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Јас се израсплакав, не знам дали оти го видов во монашка одежда или оти однапред го доживеав она што ќе го доживее Лена, кога ќе му го чуе гласот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Макар што кај сиромашните семејства стравот влегува од едната, а излегува од другата врата, нас речиси однапред нѐ поразуваше помислата дека некој може да ни ги одземе, да ни ги убие козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Екстремистите одбиваат секаква расправа: секаков немир на пролетерската свест е однапред осуден.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Не се дотеруваше како другите негови домски другари - да спие со врзана коса, да црта ќумурни мустаќи, да пушта долги нокти на малиот прст - зашто однапред знаеше дека со ништо нема да го подобри својот физички изглед, за евентуално да го сврти вниманието на некоја од оние девојки што живееја како нив во државната установа на милосрдието и дарежливоста, само преку ѕид.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Повеќе