одреден прид.
одреди св.

одреден (прид.)

Долгата ангажираност во одредена професија можела да се одрази на повеќе начини кај личноста.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Таа мора будно да ги користи пукнатините кои одредени врски ги отвораат во надзорот на сопственички сили.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Многу е битно да се напомене дека секој шо сака да пие пожелно би било дома да поседуе одредена количина расолница за да ги неутрализира негативните ефекти и мучнини кои се јавуваат после бурното пијанчење.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Низ прозорецот можевме да го забележиме едниот од петте стражари чија силуета на сртот од благата височинка личеше на стрелка која се движи според строго одреден интервал, навестувајќи го скорешното паѓање на мракот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Всушност и сега можам да потврдам дека однапред не постоела одредена цел бидејќи не постоел план.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Аранжерите на овие дуќани мислеле на сѐ за да се разликуваат од локалите што работат и дење и ноќе и затоа асортиманот на стоките е приспособен кон одредени побарувања.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Одредена терминолошка недоследност забележуваме при дефинирањето на установата како „деловна единица“, посебно ако се знае дека под овој поим се смета постојано место на активност преку кое или во кое се врши, целосно или делумно, стопанска дејност, како составен дел од одредено правно лице.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Префинет начин да се укаже дека секоја заблуда има одреден век на траење.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не фолираше во тоа одредено време на месечевото движење и раѓањето на невидливите призраци и страшила во тие летни, запарни ноќи, кога неговото далечно детство со глувчешки скокови го прерипуваше подот на скоро празната соба заградена со жици на нејасен страв, тој недозволен грев роден од сенките и мрзнењето на светлоста.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се чинеше коњот и неговиот јавач се едно суштество што одвреме-навреме се раздвојува, па секоја од двете засебни единки тргнува по некој свој однапред одреден пат, но веќе во следниот момент двеве разделени единки повторно се слеваа во една нова поцврста целина, која, барем така изгледаше, ништо повеќе не може да ја раздвои.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Оттаму велеа дека книшката е јавен документ и му е потребна на работникот кога сака нешто да докажува пред одредени органи, а доколку би ја немал не би можел да докажува одредени факти, доколку тоа биде потребно.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Камерата го регистрира и точното време на задржување на одредени места.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Секое поместување вон одредените правила за живеење ним тешко им паѓа...
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Продадениот интелект гази на сопствената чест и совест поради одреден интерес.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Одредени насоки на развој ја илустрираат промената кон електронскиот милениум.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
На неа се наоѓаат и впишани податоци за бојата и облиците на одредени делови од лицето но и на телото бидејќи една стрелка на сликата упатува кон анусот на вонземјанинот којшто не го гледаме, но сепак не го пропуштаме како лајтмотив.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ако не се сетиш, не можеш да се сетиш, тогаш како некаде во главата, во мозокот, крвта да ти се згрушува, ќе почуствуваш нешто налик на потисок на одредено место во главата.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ова може да биде ограничено во одредени случаи, односно Владата може да определи посебни мерки за ограничување на бројот на самовработени странци по поединечна дејност, ако зголемувањето на нивниот број би влијаел на порастот на домашната невработеност во одредената дејност (чл. 5).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ако претпоставиме дека механизмот на процесот досега беше точно опишан, тогаш кој е мотивот за ова огромно и детализирано настојување за запирање на историјата во еден точно одреден момент ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тие прецизно одредени и забележани обврски поетот ги фрла во кошничката за ѓубре што се наоѓа под неговото биро.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Повеќе