окапе (св.)
Оф јас сиромав само со умот што се богатеам, оти уште еднаш јас ќе било касмет да си одам, ами види го тоа широко море: до кај јас да се вратам уште еднаш назад, овде коски ќе окапам и друго ништо“.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Спомени на детство пак назад ме носат, по падини стрмни кога пасев стадо, во утрина кога окапена вроса со другари игравко овчарче младо...
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
Калемев туѓи горници, окапував туѓа пченка.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Од седење вели, газиштата ви окапаа, од вртење на воланот, вели рацете како на мајмуни ви се искривија пфу!
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
- Каде си? Окапав чекајќи те! Моиве дома сигурно веќе ми ја подготвуваат јамката.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Па сепак, интернатскиот режим во студентскиот дом, окапувањето врз скриптите во семинарската библиотека, сојузната збирштина на сургунски сурати, безвкусниот штирак на мензашки порции, престолничките погледи на беспоговорните професори, свитканите плешки на провинциските безименковци, уситнувањето на младешките идеали со осминка здрвен бурек - сето тоа не беше лошо, барем за кратко, да се одмени ако не да се замени со познатото до здодевност лето во родниот град, со утринските прошетки по излитениот грагор на изодените патеки во паркот, со пладневното цапање по боси табани врз врелата песок на дивите плажи, со врвуличавото вртење по бескрајната лента на вечерното корзо, со срамежливите испраќања на новите симпатии по непознатите сокаци, со повремените кошкања на парталавата топка во маалската полјанка - и воопшто, по сите тие неизбришливи слики, што ги носиш како драг товар од детството а не знаеш што ќе остане од нив кога ќе стапнеш во животот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
А Боге, кому му окапе косата од окапување над книгите, уште гледаше во неа со љубопитство, но и со професионална деформација како во потенцијален пациент.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Сакаш овдека да окапеме, вели Оливера Поточка.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Во дворот на чифлигот Муслиоски израстело едно дрво, круша, турено со грлести круши, дошол некој непознат, облечен во црвено, и почнал да ги чука крушите; некои паднале а тие што останале на дрвото, станале црвосани и суви и сами од себе окапеле.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Одеше што одеше, нозете му окапаа на Исус Христос, рскавицата му се сотре во колената дури од првата влезе во својата втора Пиета.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)