окрвави (св.)
Ја повикува и довикува не со гласот, зашто гласот се беше претворил во липтеж, ами со дланката завиткана во бел окрвавен завој.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ги растовараат со окрвавени преврски по главата, по трупот, по нозете и рацете.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Пред нив се дават кучиња. 'Ржат, подојдуваат и се завраќаат со окрвавени муцки.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Оној кој им беше водство и утеха во овие четириесет години талкање, оној што го изведе нивното избавувањето од египетското ропство, оној што имаше од бога пренесена моќ, само со допир од својот пастирски стап да ја окрвави цела, големата река Нил; оној што на моќниот фараонски Египет му донесе божји казни и несреќи, тој што по волјата божја го отвори длабокото море и на неговото дно направи пат за безбеден премин за својот народ, првиот патријарх на јудејското племе, оној од кој почнува бележењето во светите книги, тој што во деновите на талкање и глад се помоли за спас и го нарани избраниот народ според божјата благодат со мана, чудесна храна што бог ја истури од небото и, на крајот, оној што го доведе својот народ до ветената земја, а самиот не дочека да стапи во неа.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)