омеѓи (св.)
Ја имаш прекрасната причина да излегуваш од мермерот и да ја омеѓуваш ноќта со својот смев.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Но моите сомневања, или претпоставки беа омеѓени од сознанието дека и тогаш кога постојат индиции па и отворени наговестувања, наидувањето на несреќата не се случува преку ноќ.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Паметам само дека помислив оти тоа тресење на прстите може да биде обид да се омеѓи просторот на сигурноста во моментите кога загрозувањето на таа сигурност станува очигледно.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
На десетина метри западно од колибата се простираше чистинка, омеѓена од северната страна со две, три стари буки, од јужната со поточето и коријата што почнуваше преку него, а кон запад чистинката свршуваше со ретки, стари јаболкови и крушови стебла, кои потаму се згуснуваа и сраснуваа со густата букова корија.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)