опиен (прид.)
Сите уживаа во ретко убавата и опиена атмосфера.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Совршен е неделниот семеен ручек, опиени од домашното црвено вино и вкусот на штотуку испечена штрудла од јаболка, цимет и ванилин шеќер.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Кога во ровот завладеа црнина - таа се осмели да се исправи и виде како од своите дувла излегуваа момчињата и девојките и опиени од свежиот воздух легнуваа на земјата изорана од гранати.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Дури и се слушаа гласини дека: Балканците треба да направат историски чекор кон културното, политичкото, социјалното, технолошкото, економското и кон финансиски поефикасен облик на организација- во спротивно ако тоа не се случело ќе следел нивниот масовен егзодус- па од Балканот со егзодус ќе заминат спрема Запад, а во земјите на Балканот, ќе останат шака интелектуални дебили, со политичка власт и економска моќ- опиени болесници кои ќе управуваат со Балканот.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Вчера го прославија овде св. Трифун А несреќниот Валентин остана в сенка Во просветениот свет најпрвин доаѓа љубовта А потоа опиеноста. Овде пијанството е зачеток На секој зафат.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Во својата опиеност да го привлечам вниманието на Баждара и да ја здобијам неговата доверба, не внимавав кај газам.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Суровост на Господа, во чија чест девиците опиени од дрогата и звукот на тапаните рамнодушно се фрлаа во бездната, тој, синот негов, ја наследуваше во генот, па неговите поданици ја примаа како боженски дар.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Додека алкохолот ги разврзува јазлите и ги кине инхибициите создавајќи ексцитации и добро расположение во друштвото, и привидно подигајќи ја душевната и телесната снага на опиениот, опиумот омамува многу посилно и ги отстранува непријатните впечатоци, предизвикува еуфорија, која стреми да се проживее во осаменост, потиснувајќи го истакнувањето на личноста“ (Flury).
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Таа е слугинка на лудилото, ковач на заблуди, беден црв и болест на сетилата, опиеност на срцата, вродена измама, убиец на разумот. okno.mk 235
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Што всушност се случило? Во таа состојба на опиеност, во која ниту сум бил на небото, ниту на земјата, во мојот облак светлина (никогаш од тогаш не сум ја видел таа светлина, а копнеам по неа; ќе ја видам ли уште еднаш, макар и во некој друг живот?), сум дошол до Луција, и мислејќи дека фантазирам за себе и во себе, сум ја изговорил целата фантазија, во два гласа, машки и женски, пред неа и пред нејзините другарки, што предизвикало општа смеа.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Бевме возбудени, опиени, дезориентирани во просторот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Во блесокот на полната месечина По патот на вечната далечина Во сонот што со јаве се кити Восхит незнаен од неправда штити Сити се оние што не глодаат туѓо месо Од коска до коска Од рез до рез Питоми луѓе со смисла и без Во занес од воздух опиени Гласни воздишки и мирис на млека од гради излиени Вени од кои страста води од ек во ек Одек во векот разјарен крвожеден...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
А таа, сосема опиена, развеселена, фрли по мене со тетратката и повеќе формално, за одбрана на некаква апстрактна чест (ме загрижи тоа кај Луција: поимот на апстрактната чест), рече: „Свињо безобразна“, и се стрча по мене, а јас бегав; во таа наша игра веќе немаше ништо сериозно, ништо од пред малку, оти кружокот беше завршен, а чудото почнато.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ова е барем јасно: кога посакуваниот полусон, некоја опиеност предизвикана во длабочините, како да е од мока, со еден трепет, дрско, ќе и прискокне на свеста? кога, за жал, ќе бидеме испалени во вис, кон светлата?
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)