описен (прид.)
Колку прецизно и со каква описна размисла ја објасни мојата деликатна состојба овој чудесен лекар!
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
„Често, многу често влегував во блискиот манастир“, не е обична описна реченица (Аврам и Адам) туку вовед во приказната на зографите кои со векови ги гледале и следеле „маките и страдањата на овој народ“.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Балакан, буре со барут, така? И така натаму. Описно кажано, газот на светот.
„Буре барут“
од Дејан Дуковски
(1994)
Зборот станал симболична ознака, а не описен и изразен збор.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)