определба ж.

определба (ж.)

Тој космички миг на среќавањето со мртвото тело на Рацин на плоштадот, покриено со знамето на земјата, на неговата земја за која живееше, страдаше и пееше, тој молневит душевен потрес, таа отворена рана, страдалничка, на елегичните стихови на неговата Балада што нѐ сплоти сите во плач и липање беа, можеби потсвесно, но длабоко во чувствувањето и мислата оној никулец што ги откриваше како еден нов, дотогаш непознат свет на болката на постоењето и на убавината на зборовите, мојата чувственост, мојата приврзаност и определба за поезијата.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Нејзината религиозна определба ја обликуваше широчината на разбирањето на луѓето како човечки суштества.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Или навистина стануваше збор за неразјаснетите текови кои користејќи го нашето невнимание не туркаат по некој пат за кој можеме да тврдиме дека не бил некоја наша свесна определба.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Разгледувањето на писмото како семиотички систем дозволува подобро разјаснување на неговата онтолошка природа, создавање на општа типологија на писмото и определба на неговото место во развитокот на човековата култура.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Промискуитетот ми беше животна определба. Се венчав со сите неневини жени на планетава.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Иднината, ако тоа досега не го постигнале минатото и сегашноста, ќе ги разјасни определбите на овој исклучително комплексен и антологиски автор, за кого со право може да се каже дека напишал ремек дело за тажната увертира за запустувањето на нашата Магна Матер Македонија, за трагичните историски реминисценции на вечниот македонски народ, и за македонската дијаспора.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Речовито е сознанието до кое доаѓале критичарите говорејќи за прозата на Чинго, она сознание за нејзиното потекло, иако одделните критичари поаѓаат од различни критички становишта, со разни критичарски определби - од импресионистичка до психолошката и социолошката.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Јасно им се велеше дека „јужната република“ никако не се вклопува во големите планови, или ќе избрза или ќе задоцни во основните стратешки определби.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Не можевме да го заборавиме денот кога брат ми партиец пресуди, а татко ми се согласи козата да се вика Сталинка, макар што тој си остануваше верен на определбата да се ослободуваме од имиња на војсководци, светци, ослободители, да бараме имиња меѓу цветовите, природата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тоа обединување на полето на сите сфери, од некаде ми беше познато, прочитав некаде една НОВИНА дека: уште пред нашата ера Македонската силна Династија, Кралството Македонија, предводена од Големиот Александар Македонски- чии цели и определби беа сосема исти: создавање на еден развиен свет, во кој секој би бил задоволен, би цветала трговијата, културата, изградбата, напредок со соединување – преку мешање на разните култури, но и да се сочуваат националните обележиа на народите во светот. Зарем тоа не била идеа на глобализација?
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Во мојата свест беа хипертрофирани извесни вампирски идеолошки определби.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Ве испраќаат во прогон а притоа пренамената на вашите задачи ја препорачуваат како ваша сопствена определба и желба.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Откако ја сослуша ваквата определба, Акакиј Акакиевич тажно се одвлечка до својата соба, и како ја минал таму ноќта, му оставаме да пресуди на оној што макар малку може да навлезе во положбата на друг.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ова е граѓа за народскиот стереотип. ‌Можеби баш затоа, ако со безизразно лице тврдите дека машката хомосексуалност подразбира збир нестандардни културни практики, а не само некои нестандардни сексуални практики; ако приречете дека постои некаква машка геј- култура, ако навестите дека мора да има некаква поврзаност помеѓу некоја конкретна сексуална определба и некаква наклонетост кон извесни културни облици, веројатно луѓето веднаш ќе ви се побунат, ќе наведат илјада и една разни причини зошто такво нешто е невозможно или бесмислено или навредливо и зошто секој што мисли поинаку е заблуден, сосема старовремски, морално сомнителен и политички неодговорен.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Целта на авторот е да се укаже на „проблематичноста на потрагата по определбата на ‘идеологијата воопшто’ “; на различните значења и употреби на поимот „идеологија“ и неговата преголема едноставност; да се претстави „многустраноста и комплексноста на односот на субјективитетот спрема идеологијата и неопределивоста на идеолошката акција на субјективитетот; односно, да се истражи (проблематизира) валидноста на повикувањето на идеологијата во објаснувањето на акциите на поединецот“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Имаа судбина на разлики, а фатално се оддалечуваа од нив верувајќи дека определбата кон посебноста, под влијанието на другите, ќе ги спаси, ќе ги одржи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Основните димензии можат, значи, да се посматраат и како доминантни координати на вредносните определби во популацијата.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Сега сериозниот Камилски, сакаше на оваа приказна да ѝ даде посебна социјална и филозофска димензија, чија последица ќе биде лексичката определба за оваа синтагма, која неизменета ќе влезе во балканските јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Имено, „историскиот интерес на Русија на Балканот отсекогаш се манифестирал во определбата дека ниту една друга голема сила не може“ да доминира на тој простор, бидејќи „тоа би претставувало стратегиска закана за Русите“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Или, попрво, самата хомосексуалност, дури и како еротска определба, дури и како посебно сексуален субјективитет, се состои од дисидентски начин на чувствување и на поврзување со светот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Повеќе