опустошен (прид.)
Ти ме гледаше со твоите очи сѐ до опустошените хоризонти.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Може да биде облачно претпладне во јули: Вкус на пепел може да се чувствува во воздухот; може да се насети и мирисот на дрвото што се топи на огништето; да се почувствуваат натопени цвеќињата; да се прошета усаменички низ опустошени шеталишта...
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Чепкаат во тоа што го поминале по планињето, без престан ги бараат виновниците за изгубената рака, нога, големите лузни, за опустошените села и уништените куќи, за осакатените и загинатите, за изгазената верба и лажните ветувања, за удолницата што ни ја направија многу стрмна и по која сѐ уште не сопираме...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Налик на леш, се влечеше по опустошениот и бесплоден свет.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Заеднички ја споделуваа болката за загинатите, за осакатените, за опустошените села, за изгубениот имот.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Работи само чуварската служба, која го чува празниот објект без луѓе, кој немо стои опустошен од [не]човечката алчност и негрижа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
„Облачно претпладне во јули. Вкус на пепелта лета низ воздухот; - мирис на дрво што се поти на огништето, - натопени цвеќиња, - опустошени шеталишта, - зошто веќе да не дојдат играчките и темјанот? “, ќе наслика Рембо во неговите „Изреки“ и ќе продолжи: „сум оптегнал јажиња од камбанарија до камбанарија; венци од прозорец до прозорец; Златни синџири од ѕвезда до ѕвезда, и играм“.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Нојовиот ковчег, опустошен од кратковиден сон на луѓето во него, беше глув за далечните возови, за нивното пропнување пред скок во неипитаната ноќ.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Даниел, кој секогаш беше сув и подвиткан, сега беше опустошен и не спиеше мирно, во сон стенкаше како да го измачуваше нешто.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
И додека го пиевме кафето стариот Влав – Саракачанин ни дораскажа дека тука, во опустошените костурски села Д`мбени, Косинец, Лобаница и Смрдеш, како и во Преспа рај им ветил еден грчки политичар и државник, најбогатиот Влав меѓу Власите во Грција.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Сред опустошениот мост распарталената жена со права црна коса чекаше, со нешто цврсто и ревносно во нејзиното лукаво лице, во превојот од нејзините малку склопени дланки, кои веќе се ширеа.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)