опширен (прид.)
Но, нив, како што е истакнато во почетокот, далеку повеќе ги интересирало да ја сфатат практичната страна на тие теории отколку поопширно да навлезат во нивната суштина како теорија на определени општествени движења.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
И за сето време, за да не се посомнева некој случајно во стварноста на која се однесуваа опширните Голдштајнови празни фрази, зад неговата глава на телекранот маршираа бескрајни колони на Евразиската армија - колона по колона цврсти мажи со безизразни азијатски лица, кои испливуваа на површината од екранот и исчезнуваа, за да бидат заменети од други, сосем слични.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
- Зошто не објаснуваш поопширно? Ништо не разбрав, од каде сега пак јас да знам што е тоа: полово созревање?
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Во една опширно разглобувана и честопати оспорувана низа од социолошки и статистички студии на она што го нарекол „креативен сталеж“, Флорида тврди дека присуството на геј- луѓето во некое место е одличен предзнак на одржлива високотехнолошка индустрија и на нејзиниот потенцијал за раст.11
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
За Ботеро, По и Валери на сликарството!, цврстината ја означува густината и сврзаноста, тој создава еден свет во кој може да се биде отворен, тежок и опширен без да се впадне во масивност, во кој „празникот на формата“ ја организира хармонијата на површините.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Сепак, во случајот со Црни овци, имаме средба со она што ние, крајно опширно и начелно, го подразбираме под модернистички расказ.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Како оној „Каква шупа!“, секој пример изискува опширни коментари за да може да се опише како функционира.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Можно е дека нема да ти напишам баш сѐ за Musicmaster, но сметам дека ти веќе имаш одредени информации, а јас баш и не сакам да фурам опширност.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Наместо тоа, опширно ќе се разгледуваат мошне мал број културни предмети.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Опширна одаја. Мирис на тукушто зовриен планински чај.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
„Од нивното опширно писмо ќе ви ги посочам овие проблеми: Прво - градска депонија немаат - па насекаде никнуваат диви депонии.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)