ора (несв.)

Ораме со рало но земјата ни златна колку е богата!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Му се смилило на Силјана да појде и тој на нива за да го гледа татка си како ќе ора.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Болката во грлото ми се разлеваше по целата става, ми ги пиеше коските и ми го ораше месото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе свршиме со една меѓа и ќе се стрчаме кон друга. И ораме со мотиките.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
По некоја недела ги спрегнал татко му Божин воловите и отишол на нива да ора.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Многу бргу ги огреало сонце и тој почнал да ора со трактор во Лозарството, а таа да мете во шталите по цел ден, иако тоа од неа никој не го барал, ама бадијала не се седи. Сакале да ѝ платат... во млеко.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
По некое време влезе и брат ми. Се врати од орање.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И тие сиромаси не сакаа секоја есен да се селат и нови меќани да прават, ама нивните нивчиња беа кое осмак, кое шиник семе, та немаше што да гнојат, што да ораат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На кавгата згора се примешаа големците, ѓоа да смират некоја работа, да повеќе ја запалија работата (што ти велаат: „ѓаволот ни ора ни копа, само луѓе скарува“) и туку беше се поткачиле сите да се бијат и да се тераат по таа пуста планина.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Тргнал една бразда, две, Божин во нивата и Силјан застанал на долниот крај кај нивата да им се пули на браздите што ги ора татко му.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Дедо Димо, откако ги испрати сите, истури стомна вода врз жарот, зашто ѓаволот ни ора ни копа, туку може некое зло да смисли, да донесе од негде ветер, да го разнесе жарот и низ папратот и ете ти беља.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Си беше еден човек и си садеше грав, пиперки и босилек, сееше ’рж и јачмен, ораше, влачеше, едниот вол му бегаше од браздата, и волот го тепаше по муцка, му пушташе крв од муцката на волот, и после муцката му ја држеше в раце и го милуваше.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ако побараш од друг вол или коњ за орање, треба черек од жетвата да дадеш.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Дење ораат, копаат, а кога стане нужда сите се на нога со оружје в раце. И не само тоа. Мошне се лукави.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
А авторот нејзе во последно време ѝ се јавува по полноќ и секогаш ја наоѓа кога ора по Интернет заглавувајќи во еротски „дејанија“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И дојде неделата, црна и пуста, и јас почнав да се превиткувам. Од рани зори почна да ме ора, да ме кине, да ме корне.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
10. ТАМАЌАРОТ И НА БОЛВАТА УЗДА Ѝ КЛАВА - зар посакува, итриот, нивите да му ги оре, колата да му ја влече или, пак, да ја јава и со неа да скока во кас де долу, де горе...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Стипцосаната земја, над која пловат зачаденост и црни испарувања на тага, ја ора усвитено железо и ја јалови оган, по нејзините врвици и библиски беспатици јаваат на коњски костури апокалиптични рицари - чумата, поморот, алчноста, бесот:коњските узди се густ сплет на змии, здивот на јавачите е сув ветар од кој и коренот на кровот се суши; зад нив останува трага: дрвени крстови, плочи со камени чалми, несобрани трупишта, урнатини.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тоа, според него, се довлекло на ребрест мев од непозната Арапија, сега го ора нивното отечество и не јаде желад, како што не ќе јаде подоцна ни трупки ни моркови, туку бара мевце, жили, души, до последната педа во црно ќе ја завитка земјичката.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Секаде прв стигнува. Жние, ора од сите поарно, ама во браздата оддалеку не се гледа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Повеќе