осамотен (прид.)
Но наоколу беше пусто, се простираше мирна летна ноќ и никој не го виде овој осамотен ноќен посетител на сламената колиба.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Сега останува да се реши дали тоа неутрално колце стои осамотено со одделна боја од другите колца или има и други колца со истата боја или со поблиска до неа отколку од една страна со централното македонско наречје, од друга со источнобугарското наречје или со српскиот јазик кај Вук Караџиќ, ќе видиме оти сите македонски наречја се поблиски до централното македонско, а не до централните наречја на другите јужни Словени.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Тивко е темно сред класјето во полето и осамотеноста боли Барем вечерва, вечерва слезете долу развеселете ме Зошто не би дошол тој сам во собата нам ни е долу страв Ноќта е темна ноќта е густа нам ни е долу страв
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Оваа есенска магла е лицето на смртта густо од едно имитирано лепило густо од еден одвратен шепот што сака да е интимност густо од еден поглед преполн со излигавен мов Таа маска на смртта ги заканува гранките осамотени на кејот.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Под прозорот се јазат уморено во собата познатите звуци на гитарата Тоа пак во дворот осамотен пее и вика да го придружиме стариот пријател наш Молчиме ние тој вика Молчиме сите тој пее:
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Сега татко му сигурно ќе сврати по оној осамотен сокак па ќе фати накај крчмата.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
А право да ти кажа и јас некако осамотен се осеќам без неа. Шо ќе ни пречи ако а прибериме?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)