освежителен (прид.)
Толку слатко освежително овошје.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Освен во времето на војната, додека го служеше воениот рок, кога годишните времиња и сиот ред на нештата преминаа во безредие, животот имаше определена шема, исто како и времето, годишните времиња беа јасно одвоени како посебни паноа на ѕидни слики, свежите и нежни денови на есента им претходеа на влажните и ветровити денови на зимата; освежителните денови на пролетта ги пресретнуваа запурничавите и неподносливи денови на летото.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
- Напишета само: капетан Никола, Аспровалта, тоа е доволно! - ни рече таа на збогување, ни набра црници и ги стави во едно книжно ќесе. - Благи се и освежителни! - со насмевка ни рече Параскева.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
- Добро, - прифати баба ми, - ти ќе ми помагаш да им носиме освежителни пијалаци на капачите, важи? - Важи, - рече таа.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)