ослепи (св.)
Нѐ фатило некаде ноќ среде шума, прст пред око не се гледа, што се вели, мислиш си ослепел, а тој ми вели да се фатам за опашката од коњот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Народот е ослепен и оглувен од страв и треба да му се каже кон кај треба да гледа и што треба да слуша.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Од таа скаменетост го освести црвенокосата, богата сончевина, што се плисна како некој плавен бран во неговиот прозорец, ослепувајќи го и во исто време носејќи му ја назад способноста да се исправи.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ноќва е ваза длабока без сон каде ’рти цвеќето на немирот И јас немам раце да ја скршам на белото кладенче на денот Немам очи да ја ослепам со жолтите плодој на чекањето Имам само една добра песна што го кроти просторот непроспиен Песна добра како кроток кавал што го чува стадото на надите
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Капките удираа по моите очи и ме ослепуваа.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во Пансионот на видно место стоеја и Правилата за однесување со кучињата во кои пишуваше: „На секое куче треба да му се почитува правото на природен живот; не смее да се злоставува и да му се нанесуваат физички и психички болки; секое куче има право на заштита и нега; треба да се сака такво какво што е, зашто тоа не е во состојба да бира сопственик, а сопственикот го бира него; ако не чини, треба да му се помогне да се поправи, а не да стане жртва на лошото однесување и изживување; не треба нетрпение и брзање веднаш да се научи на сѐ, ами треба да му се даде време да сфати што се бара од него; не треба без причина да се разлутува или казнува, зашто и тоа може да изненади, да врати; првиот удар тоа го простува, зашто мисли дека е случајно удрено, по грешка, но ако по втор пат го удриш, сфаќа дека е намерно и тогаш ударот ти го враќа со уште поголема мера и те замразува со сета своја душа; тоа најчесто е само и нема никого освен тебе: разговарај почесто со него и самиот ќе се изненадиш како те разбра; љубовта со љубов ти ја враќа; и тоа, како и човекот, има своја судбина: не придонесувај да му е тешка; ако остари, ослепи или оглуви, ако стане неподвижно и остане без заби помисли дека тоа може и тебе да ти се случи, зашто староста е иста за сите; не однесувај се кон него како кон некој обичен предмет, зашто кога ќе го изгубиш, ќе видиш колку е жално; испрати го на неговиот последен пат и размисли дека секоја смрт, било таа и на животно, е загуба за сите: еден живот помалку на земјата”.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
При здрави очи да ослепуваме.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Волчицата почна да се прикрадува кон трлото, полека, нечујно, речиси не допирајќи се до земјата, за да не биде пак изненадена. Но знаеше, ја демнеа, и таа во тој час не можеше да ја разбере смртта, од која скоро ослепе и оглуве.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
и само коси, цело поле трешти, небото се тресе, мислиш на тебе ќе падне и се слуша само едно долго виење, еееее, јачи и плаче,
ко мало детуле, и војниците како што одат и како што
гинат само ау, ау, ау, викаат и едни паѓаат, а други се
меткаат наваму и натаму, не знаат кај одат, чакалот им
влегол в очи и ослепени се и од двата полка само осумдесет души не загинаа, и тогаш собув еден мртов Англичанец, ама старшијата ми ги виде чевлите на нозе и оди кај
оди ќе ми се испули во чевлите, ништо нема загубено, а
бара, и, кај ги најде, бре, ботушите што ми ги купи башта
ми, вели, зар татко ти е Англичанец, му велам, и тој одвај дочека да го налутам, нема арамии кога сите крадат и
почна да ме тепа, преку нос, преку очи, и мсне светкавици ми играат и после многу ми се стемна и го гледам како
125
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Не ја извади запалената цигара од уста и гледаше пред себе во блокот и во него, редум, сѐ додека не му ја разбранува лутата крв што се качуваше од нозе: ги напнуваше градите, го гушеше, удираше со глава и го ослепуваше.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Изгледа ослепувал тогаш човекот, оглувувал на таква работа.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Од грижа за моралното и менталното здравје на децата, уште од мали нозе ги воспитуваа, поточно ги заплашуваа, да не убиваат птици: Ќе ти умре мајка, некој од најмилата рода, ќе онемееш, ќе ослепиш, ќе ги се фатат рацете и нозете ако убиеш птица.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Морски бран го извишува, го ослепува сонцето што отскокнува од морето.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Не знаеше: ја демнеа, и таа во тој час не можеше да ја разбере смртта, од која скоро ослепе и оглуве.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Почнавме и да ослепуваме, вели жената.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Како што и за царот Самоил истопорен на скопскиот плоштад велат дека рекол ќе било поарно и него да го ослепеле одошто севезден да му ги гледа бронзените мадиња на Букефал. Бронза во формал се става ли?
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Погледот сам му заскита во спротивното огледало, каде што го ослепуваше белата планина; се загледа некаде низ отворот на тунелот во вителот, надвор од прозорските окна, кон планината.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Гледајќи ја таа негова беспомошност, живеејќи постојано во болка и напнатост, често ѝ се случуваше да сонува како и таа ослепела и се будеше исплашена и испаничена: одеше на огледалото да се види и да си ги измие очите.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
- Ох, ослепувам, - имаше на едно место во составот и јас, шутракот, толку природно сум ги превртел очите, белките да ми ги исполнат очните дупки, та кутриот Трифун Трифуноски да ти помисли оти е свршено со мојот вид.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Ваквиот револт, како магија за привремено онеспособување, ја симнува накратко футролата од ножот на напасникот, и тогаш сите ослепуваат од неговиот одблесок.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)