основе (св.)

Бидејќи во Турција не се признаваа нации, туку вери, а овие беа олицетворени во признатите автокефални цркви, основањето на Бугарската егзархија го наложи и административното воведување на бугарското име за сите поданици на султанот што се приклучија кон таа единствена словенска православна црква во границите на Турската Империја.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тој, понатаму, може да основа одбори и комисии за одделни прашања од својот делокруг; д) положбата на синдикалниот претставник значително беше влошена со замената на децидната одредба од ЗРО (1993), според која тој имаше право на посебна законска заштита од отказ и од други шиканирања за време на својот мандат (чл. 83, ЗРО/93), со одредбата според која на синдикалниот претставник, за времето на вршење на должноста, работодавачот може да му го откаже договорот за вработување ако за тоа добие претходна согласност на синдикатот!?
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Подолу потписнициве велат: „Поради жалните резултати од таквото разделување на христијанското население во Македонија на разни групи непријателски настроени едни спрема други, ние уште пред издавањето на весникот „Балкански гласник“ се обидовме во вид на литературен клуб да основеме кружок што би имал за цел да ја обедини македонската интелигенција во Србија во едно цело, без разлика на убедувањата, и кој би се грижел за создавање единство на мислите сред македонското население.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ќе основам и организирам Балкански форум за човечки права.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Можев чисто да ги обвинам дека ми го загадуваат воздухот во Републиката и со првата сосетка што ќе тргне по мојот пат да основам Балканска заедница во која тие ќе можат да бидат примени.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ние 5-6 души Македонци и во военото училиште основавме таен револуционерен социјалистички кружок.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
51. Ете зошто, еден од најглавните долгови на македонската интелигенција е да се отстранат еднаш за секогаш од Македонија бугарската и српската пропаганда, да се основа во Македонија свој духовен центар за Македонците и тој центар, како и самите Македонци, да нема никакво земање-давање со соседните балкански држави и народи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Нејзиниот поглед секогаш имаше нешто мајчинско кога доаѓаше од установата во чие основање учествуваше и самата, а во која беа згрижувани жените избркани од своите сопрузи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Задолжителната и работа ет в три нешта. 1-во: да устроит црква, во која си сакаме да си слушаме молитвите и словото божие на јазикот ни като сичките ни брајќа Бугари по царштината. 2-ро: да устроит училиште в кое сакаме да ет мајчиниот ни јазик и право на него да се воспитуваат челадата ни наша, сетне на турцки и најсетне, ако имат време и на други. 3-то: затова и основјавме народната ни црковнообштествена општина, да се устроит, а која колку за управлението има да си устрои устав и правилник, кое нешто да бидит основа на дејствијата и, сообразно со приличните за то правителствени закони и да го претставјава народот пред секое званично место, за кое нешто ќе држит редовни преписи на дејствијата си по наша за това запечатена кондика, а решенијата и ќе идат приети од нас като општо.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Вам секако Ви е познато дека овде во Софија деновиве се основа Македонско научно-литературно друштво: Вистина, засега околу него се собраа десетина луѓе, но ако не се преземат соодветни чекори и не се протера Крсте Мисирков од Бугарија, тоа за кусо време ќе го опфати грото од македонската бројна емиграција…
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Работите на стечаен управник може да ги врши физичко лице кое има лиценца за вршење на работите на стечаен управник, како и ЈТД или ДОО основано само за вршење на работи на стечаен управник и има лиценца за вршење на работите на стечаен управник и се зачленети во Комората на стечајни управници.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кога се основаа првите селски работни задруги, колективите, кога државата само сакаше да види со какви проблеми може да се соочи при престојната колективизација на селското стопанство.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Организирањето на вечерните училишта за Македонците печалбари, основањето на јадрото од коешто израсна Младата македонска книжовна дружина и остриот судар со бугарските власти на Стамболов, затворањето и потоа бегството во Македонија – зборуваат дека Груев навистина бил „во бројот на сепаратистите”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Нивното право на атеизам е загарантирано со член 37 од Уставот на Албанија според кој државата не признава ниедна вера и ја поддржува атеистичката пропаганда за да се вкорени кај луѓето научниот светоглед на материјализмот, а според член 55 од Уставот се забранува основање на каква било организација со верски карактер.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Делото на Волошинов за Марксизмот и филозофијата, делото на Мукаржовски за семиотиката на уметноста, Јакобсон, Прохаска и Леви за преведувањето, сите тие поставија нов критериум за основање на теоријата на преведувањето и докажаа дека таа е далеку од обична дилетантска трка во која секој што има макар минимално познавање од друг јазик може да земе учество; напротив, преведувањето, како што кажува Рандолф Кирк, “е една од најтешките задачи што еден писател може да ги преземе на себе”.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Нашата цел во оваа книга е да ги разгледаме различните видови сложени структури и поведение што ѝ се спротивни на интуицијата, внимавајќи при тоа на заедничките особини што би можеле да ја сочинуваат основата на некаква „наука“ на изненадувањето и сложеното.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Само по една основа можеа да го разберат тоа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
При основањето го носи патронатот на Климент Охридски, а од 1903 г.(со „Уставот”) на Кирил и Методија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Таквото езеро го привлекуваше човечкото око низ историјата: на Римјаните кои овде го изградија патот Виа Егнатиа и го основаа градот Лихнидос, на Византијците, на православните, кои направија од Охрид доминантно место во својата сфера на влијание.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Поради тоа што, во меѓувреме, придонесите кон ФПИОМ беа исплатени, адвокатот го повлече овој дел од тужбеното барање – по што полномошникот на „Охис“, кој не го оспори побарувањето ниту по основ, ниту по висина, а заради економичноста и целисходноста на постапката, предложи да се донесе пресуда врз основа на признание.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Повеќе