основоположник (м.)
Според основоположникот на кодификацијата на македонскиот јазик, Блаже Конески, бројот на турските зборови се намалувал секој ден.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Лазгуш Порадеци овде ги споменува дедо ми и татко ми, како основоположници на школството во Поградец и пошироко, за време на Големата војна и француската администрација.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Не се оствари надежта на еден на основоположниците на новата Република Турција Али Фети Беј Окјар, соучесник и пријател на Мустафа Кемал Ататурк од Воената гимназија во Битола, негов прв премиер и верен пријател до крајот на животот, Татко, неговиот внук, нов кадија и на шеријатот и на модерното европско право, да го започне искачувањето кон врвовите на новата владетелска хиерархија во нова Турција.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)