осцилирање (ср.)
Се гледа тука постојаната биполарност и осцилирање на интелектуалците од децималните јазици и култури (Анте Поповски), односно нивната Јанусова природа: припаѓајќи им на мали јазици и култури, тие не можат да се откажат од јазикот, митот и колективното несвесно на национот во кој се родени, иако по духот се многу често повеќе Европејци од Европејците.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
На тој начин постојат стопување и кинење, или, попрво, осцилирање, непрекината размена помеѓу актуалниот објект и неговата виртуална слика: виртуалната слика не престанува да станува актуална, како во огледало коешто ќе дофати лик, ќе го одвлечка во својата бездна и од своја страна не пушта ништо друго освен една виртуалност, на начинот на Дамата од Шангај.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)