откосо прил.

откосо (прил.)

По ден, тогаш веројатно по последниот јасник во таа илјада осумстотини триесет и петта година, додека светлоста откосо се ближела кон рудината на која стоеле, нејасноста во очите на видовитиот не можела да им стане водач.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тргаше од својата цигара - гледаше откосо и лукаво во несреќната, избезумена мајка ѝ, ненадејно и за неа, ѝ се роди и ја обзеде, во тој момент, некакво чудно задоволство да почека со својот план и да се насладува колку што може подолго на чувството дека ѝ се во рацете мирот и спокојството на оваа богата, чорбаџиска куќа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Го погледа Сандрија откосо, божем навистина му треба неговото мислење.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Учителот нѐ загледа откосо и, по кратко молчење, рече: - Знам ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Под името од Коча напиша уште Скопје, а после го подистави малце напишаното и го гледаше откосо.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Аргир замолче. Наежен, гледаше откосо, како сардисан волк, чекајќи да види од каде ќе почне нападот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)