офанзивен (прид.)
Сите моделирани организми се опремени со „хромозоми“ кои во себе содржат офанзивни и дефанзивни стратегии.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Градот својата апотеоза, но и самракот ќе ги достигне кон крајот на XVII век за време на Турско-австриската војна, кога австрискиот генерал Силвио Пиколомини, со италијанско потекло, по офанзивниот пробив на 25 октомври 1689 година, ќе го спали освоеното Скопје, поради наводното владеење на чума.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Овие успеси ги принудија Германците да соберат нови сили, особено балистички од Струга, Дебар, Кичево, Гостивар, Тетово, па дури и од Косово, и на 8 мај да преземат офанзивни акции против Првата македонско-косовска ударна бригада, кои траеле сѐ до 15 јуни.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Македонските партизани во ова време имаат висок морал и за прв пат навистина имаа офанзивен дух“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)