офне св.

офне (св.)

Таа ќе офне и мене пак студен нож ќе ме удри овде, во срцево.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Наведнувајќи се, честопати и ќе офнеше, а потоа ќе се исправеше и со рацете ќе се фатеше за половината.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ти бранат без лозинка да зборуваш, ти бранат и да офнеш, на некоја болка да се оѕвиеш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Под нокотот веднаш му излезе модро, ама тој не офна.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Тогаш низ просторијата како во хор се разлеваа гласовите кои молеа да заминат од Гнездо: меѓу ѕидовите одекнуваше композиција за човечки гласови со молби, со жалби, со уверувања; се мешаа десетици гласови во таа композиција во која се испреплетуваа различни ритми, тоналитети, брзини, а помеѓу разговетните зборови одекнуваа и нејасни мрморења и врисоци, и чудесни звуци од штракањето на забите, од брмчењето со усните, од повторувањето еден глас, од имитирањето на звуци какви што можат само во некаков сон или некаков кошмар да бидат чуени, па некаде отаде зборовите се чувствуваше судбината на оние кои зборуваа, кои офнуваа, кои брмчеа, кои штракаа, кои мрмореа и врескаа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тие нешто бладаат, ќе ја клоцнат чергата со нозете, ќе го соберат ложникот, ќе офнат и како ќе офнат тие, така и јас офнувам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тие ќе офнат внатре, жените ќе подрипнат надвор.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И така, една ноќ спроти Вртолум, кога ја испија со Лоте, и со ветеринарот Скрез и последната чаша за длабок сон, и кога излегоа надвор да си одат, Бандо чу како некој со копач му удира на ѕидот од куќата; на Бандо му мина гром низ телото, му удри крвта в глава и повторно му се врати оној некогашен страв во него; срипа како ѕверка; ја грабна пушката и излета во мракот надвор; свика кон сенките што се тетеравеа крај куќата и пукна; некој офна и падна; стрчна жена му од Бандо, стрчнаа соседите и ги поткасаа бузите: го видоа Лото струполен крај ѕидот; го кренаа и побрзаа да му ја запрат крвта.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ранетиот Гарибалди се мачи да не офне оти во Пиза озборувањето е прилично распространет спорт и од едно обично офкање мигум се прави претсмртен вресок.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Богородице Владичице, отвори им ги патиштата - на снаа ми Трајаница и на момчето со кротки очи и огнено име - да ни се вратат... - офна баба Петра.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Ја зграпчив за косата и ја повлеков назад; таа офна и падна; јас го фрлив шишето во ѕидот, тоа се скрши, и јас веќе следниот миг нафрлив врз неа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Наведнувајќи се, честопати и ќе офнеше, а потоа ќе се исправеше и со рацете ќе се фатеше за половината.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Од лицето на Руса, која не трепна и не офна, шикна крв, тој ја поклопи со дланките.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ти офна од болка што ти е слатка затоа што доаѓа од мене.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Се слушнало само некакво суво дишење, болно и испрекинато, човекот можеби се засркнувал, додека и другите околу него не почнале да дишат како и тој, претсмртнички или пијано, потоа тој Јане Крстин офнал и се занел на една страна, тогаш кога сите знаеле дека од негде некој стрелал кон нив, кон сета толпа, сеедно во чие месо ќе се забие оловото од бездруго долгата арамиска, беговска или измеќарска пушка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Скрез офна така силно, што Цанул се исплаши, ја фрли вилата и избега; Цанулица замалена од страв, стрчна кон Скрез, му ја извади забуцаната вила и му ја изврза раната со шамија за да му ја запре крвта што бликаше на сите страни; го одврза коњот, му помогна да се качи и тргнаа в град на болница.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Бабо мила, и ти си ја видела ѕвездата? - офна и сета омалена се згуши во скутот на баба.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Офна како од куршум пронижан и изусти длабоко потресен: — Ти ли си, Петре, брате? — и почна да го бакнува по крвавото лице на бацко му Петре, којшто се онесвести од силната возбуда што го најде брата си во крвавата борба со „непријателот", за кого веруваше дека загинал уште пред три години.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Добро е, - рече, - добро се сврши, уф! - просто офна тој, па стана и почна да се валка низ тревата, да кубе папрат, да клоца со нозете, да се смее.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кога најпосле и последната пара ја фрлив, кога виде дека нема веќе ништо во чантата, се згрчи, се фати за градите, офна и се струполи на подот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Повеќе