очен (прид.)
Стиска со очните капаци на очите и го грчи лицето од болот и тагата што му иде од внатре.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Некаде пред зори ѝ натежнаа очните капаци.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Твојата очна рожница им ги врзува канџите.
„Курвите на ѓаволот“
од Елена Велјановска
(2013)
Бил загатлив дивјак со куси нозе, црнките во очните глобови му биле иглести, на преширокиот врат му се протегале остри брчки.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Задоволување на потреби. Хемикалии и екрани шприцаат електронски информации во очните школки и ушните тапани, активирајќи ги мозоците.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Очните капаци мирно му беа спуштени.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
И крстот е уште меѓу коските. Очните дупки веќе му се испразнети, од устата му наѕира гуштерица, а устата ништо не зборува.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Тој повторно ги притисна прстите врз очните капаци. Конечно го напиша, но тоа не му помогна.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Нејзините перформанси на еден вознемирувачки начин ги комбинираат спокојните, банални, секојдневни активности, повредите и болката - голтање на гнило мелено месо додека гледа ТВ-вести во намерно неудобна положба; наизменично ранување со жилет врз стомакот, очните капаци, лицето и рацете додека си игра со тениско топче (Психа, 1974); бескрајно гргорење со млеко сѐ додека исплуканата течност не се обои со крв (Sang, Lait Chaud, 1972); искачување со незаштитени стапала и дланки низ скалички составени од жилети (Escalade Sanglante, 1971).
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Ама, уште на скали ме запираат, гледам колку високо се креваат нивните очни клепки.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Умрете вие проклетници На нашето раздобје... Во тивката вечер на осаменоста Со прекршени раце преполнети Со бисери од очните длапки.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Владеела некоја очна болест, не знаат точно каква; според кажувањата, мене ми се чини дека умрело од леукемија.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Тукушто се вратив од очен лекар, со очи широко ококорени и жолт како лимон. Ми правеа флуоресцентна ангеографија.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Се сеќаваше на еден намуртен бербер кој доаѓаше да му ја изгребе брадата од образите и да му ја потсече косата, и на деловните нечувствителни луѓе во бели мантили кои му го опипуваа пулсот, му ги испробуваа рефлексите, му ги превртуваа очните капаци, го пребаруваа со груби прсти по целото тело барајќи скршени коски и му забиваа игли во раката за да спие.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Сѐ им е тешко - и нозете што ги влечат и очните клепки што им паѓаат врз очи и шинелите и капите, освен сувото парче леб и голтката вода...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Кала седна на столот каде што седеше докторот и почна да го жулка Илка по лицето и челото, да му турива со лајче вода во устата, да му ја поткрева перницата зад грбот за да му го олесни дишењето, но тој само ја погледна кревајќи ги очните поклопки со напор и при тоа како да се поднасмевна со крајчињата на устата, и таа насмевка му остана на лицето, згрчена, недовршена.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Кога ги мрдна очните капаци почувствува како да беа вденати во жица со набој, а очните јаболка му беа тешки и тврди како џамлии во очните дупки.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Седната зад баба ми и дедо ми, за разлика од изразите на другите нивни фотографии, самите веќе завлезени во возраст што ја брише ведрината од насмевката, таа девојка со мазно, тркалезно лице од фотографијата, во нас гледа преку полуспуштените очни капаци со еден чуден, повлечен и скромен, а наедно бистар и настојчив поглед.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Марија, ќе убијам, говорев ноќе по твоето бегство, се колнев пред онаа киклопска глава повикувајќи ја како сведок дека ќе си достојам на зборот, дека еднаш ќе замавнам со нож на некого и дека со бел отров во очите, како оној во детството, само со очните белки, ќе испитувам дали крвта личи на сок од малини или е грев на мракот.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Под тенките црти, накосо поставени веѓи, во очните отворени беа сместени малку подиспакнати црни очи како цреши, скоро секогаш ококорени, како да беа на штрек за набљудување на сѐ наоколу, ништо да не се пропуштело!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)