оџак (м.)
Го зел товарот претежок за жена и го донел на плешки до прагот на куќата со еден прозорец и со напукнат оџак.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
За тоа катаден ги потсетуваше натписот над влезната порта и оџакот што без престан црно димеше.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Навистина колку убаво би изгледала куќата на соседот кога оџакот би бил како саксија.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Чадот од многуте оџаци се испреплетка губејќи се лесен и подвижен кон облаците.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Дедо Мраз со санка и шишенце КОКА*КОЛА еквилибрираше по падините на покривот и се цедеше во длабочините на олуците и по рабовите на оџаците плашејќи се да не се стопи како дебела илузија додека во подножјето на елката од пластика и трепкалки ги паркираше шарените пакетчиња од фабриката за евтини чоколада вафли и бомбони небаре е нејзин трговски патник а не црвен исполнувач на желби ***
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
Кога го виде, пргаво стана и го одведе во аголот кај оџакот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Ги преселувам очите и по другите оџаци по блиските куќи.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Да ги избркаме маглите и облаците и чадот кренат од оџаците, и насекаде да биде речено: сонцето има да грее непречено.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Долго и мирно гледа во оџакот од соседната куќа.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Селото се прогледа како тепсија и Османлиите можеа да видат како од секоја куќа излегува густ дим од оџаците, а на сред село голем собор од луѓе.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Ноќва како затнат оџак е темна и зачурена. Маглите се чадот од прегорените мечти во душата.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Потоа стави во котлето вода до половина и го закачи на веригата од оџакот.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Во градовите илјади безработни топеа сили крај високите, угаснати оџаци на фабриките и под пустите посивени ѕидишта од напуштените градилишта.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Тој запали друга ламба и, со свиениот грб, тргна бавно напред по стрмните и излижани скали и низ малото ходниче го воведе во една соба која не гледаше кон улицата, туку кон еден поплочен двор и шума од оџаци.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Повлече оџакот и наеднаш порасна пламенот.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Одајата е наместена мошне арно, старовремски: десно насреде огниште, горе јашмак под кој оџакот е завиткан со завеса од шарена басма; од страните на огништето камари, исто така покриени со завеси од истата басма; назад два прозорци со завеси од истата басма, собрани до горе на плисе и прикачени на една шајка на средината, така што имаат изглед на плисиран полукруг.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Ќе прелетаат тие некаде над селото, по небото кое зачадените оџаци го потпираат со високи столбови синкав чад, ќе го чуе и старо и младо, па ќе почнат оние познати разговори за некогашните зими, за случките во тие зими, а децата разгртаа двојни уши и слушаа, слушаа, сонувајќи го снегот што беше во разговорите на возрасните, во крикот на жеравите и во мирисот на студениот воздух.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Трите неподвижни сенки немо чекаа. Над оџакот на соседната стреа се мачеше ноќниот срп; не можеше да се отплетка од густите облици.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Добро е што тргаат оџаците, што не го враќаат чадот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тоа беше радоста што ја предизвика таа осамена капка, што настануваше некаде во стреата, близу оџакот, се откинуваше од снегот и паѓајќи удираше во некој предмет што ѝ помагаше да го везе своето „так, так“ и да ја мрешка тишината на сопчето.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)