пазариште ср.

пазариште (ср.)

Пазариштето беше полно со секаков крупен добиток, та одвај ја држеше земјата на своите плеќи Тешко ѝ беше на земјата да ја издржи таа тежина, но уште потешко им беше на луѓето да го издржат жешкото јулско сонце кое уште од изутрина почна силно да пече.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Уште час-два денот ќе прекрши и пазариштето се празни.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Поворката не помина по мостот за гробиштата во Каршијак, туку се упати крај пазариштето, пробивајќи го полека патот меѓу луѓето сеирџии.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Како на пазариштата Од галеријата мошне убаво можев да видам што станува долу.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Не му се чекаше да потпораснат за да ги продаде некаде по пазариштата за робови, а да ги истепа или исколе сепак имаше душа во него.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Цртежот пред кој запираат претставува пазариште на зеленчук во полниот ек на работата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ги чекаме да продадат и се врткаме, така, на пазариштето, се разгледуваме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
АТПАЗАР и овој петок вриеше од народ и стока. Покрај продавачите и купувачите пазариштето уште од рано утро се исполни со луѓе што немаа никаква врска ни со купување, ни со продавање.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Уште пред двеста години царот Иван Асен, кој се потпишуваше како цар на Бугарите и на Грците, прв им ја даде на моите претци грамотата насекаде низ царството да продаваат и купуваат слободно, и никој да не смее да им напакостува, било по патиштата, било на пазариштата. Токму како што вели законот за трговијата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Други пак луѓе, сосема спротивни на првите: добро угоени, избричени или со убаво потстрижени бради, измиени, богато облечени; со широки чоени или кадифени потури, со свилени појаси, со срмени елеци и севозможни златни и сребрени накити, со пиштоли за појасите, гордо се шетаа низ пазариштето броејќи ги по стоти или илјадити пат килибаровите броеници со меките и чисти прсти.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Околу сонце огревање утринава прошетаа низ пазариштето четворица агалари со двајца сејмени по нив, и со некаков интерес се загледаа во групата мариовци.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И таман селаните беа при крајот на својата работа, и се приготвуваа сите заедно да го напуштат пазариштето. наеднаш ги обиколија стотина души сејмени, со исукани јатагани.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Во тие маала во кои и јас сум израснала, се меша мирисот на времињата и на просторите, јадењата што мајките на нашите прабаби ги понеле од Иберија со аромите и рецептите донесени од Турција, од Стамбол и од Солун и од богатите мисирски пазаришта на бахари и на друго зајре што доаѓа од различни места на Блискиот Исток.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
На еден крај од пазариштето како поодделна од другите продавачи стоеше голема група од селани со разна стока; говеда, волови, коњи, кобили, магариња.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Престанаа да си одат, да си идат на гости, престанаа да се женат и мажат со „Грци" и „Бугари" и од вчерашни браќа, братучеди, стриковци, вујковци, кумови и светијовани, станаа смртни непријатели и каде се сретнуваа по пазариштата Прилеп, Битола, Лерин, — секаде ги остреа забите едни на други и се чекаа да се исколат со острите ками, што обично ги криеја во самарите од маските или магарињата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Облечени во најпарталави бели кошули со исто такви волнени гаќи, неистрижени, неизбричени, ни измиени, изгледаа како диви луѓе кои ги фатил некој ловец на робови и сега ги тера да ги продава на пазариштето во овој град.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Бошко беше среќен, ги откупија неговите три деца и жената, ги спасија од пазариштата на робја на Крит и во Едрене, каде што сигурно ќе ги однесеа, зашто таму цените беа повисоки.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Им подвикна на другарите да го напуштат пазариштето и заедно да си одат, да си го берат стравот по Слива и Писокал.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кај Мицка Мојсовски пак, ене, растоварил дедот Билјар два товара волна. Не ја носи на пазариште да не плати две банки сергие.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Портата и ѕидините се накитени со разно оружје, и воени алатки, само топови нема толку многу како што мисли човек загледан од долу, од пазариштето. А зошто и да ги има?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Повеќе