пакосен прид.

пакосен (прид.)

Мислам, ја сметав оваа насловна за пакосна месијанска слика.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Но најнепријатно беше сепак сознанието дека не само шпиончето туку и мене ме измачува слично сомнение, а тоа значи дека во горчливите прекори на оној пакосен глас има и премногу мои зборови!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Тие не се пакосни, ама можат да станат опасни до колку видат дека се смееш.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Таму човечките суштества припаѓаат сами на себеси, недостигнати од ничија пакосна волја.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Но и во животот, не само во книгите, Набоков многумина одби од себе со пакосните примедби на сметка на моментално модерните интелектуални текови...
„МАРГИНА бр. 2“ (1994)
Пополнета тресиопашка, палава, пргава, а последната година злосна и пакосна.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Беа и по малку пакосни на него, зашто тој беше најјак во борењето, најбрз во трчањето, па и најдругар на Трајанка.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Пакосна рака ги пресече проводите за светилен гас.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И самата не знаеше како ѝ избегаа од устата тие пакосни зборови што беа толку блиску до клетва и прокоба.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Поточно, нивното здружено претчувство го окотило плашилото: рог во лак свиен на гуштерска глава, под тој рог две пакосни очиња, две жарки, студени и шашливи за да видат сè пред себе, под себе и зад себе заради тоа, доколку патувале по мрак и магла, се грбавеле и никој не сакал да биде последен во редот, без заштита зад грбот, и биле неми и сепак отворени за секој непознат шум.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Гледајќи ја оваа маса од расчувствувани лица, Арсо се прашаше самиот себеси, зошто овие сериозни лица - запотени, стеснети и опијанети од љубопитност, ги заборавиле своите секојдневни работи, многу важни за самите нив и се претвораат овде во наивни, пакосни или добродушни гледачи, зашто им е потребно тоа да се согласуваат со оние што обвинуваат и на таков начин да си ги прават душите тврдокорни, барајќи во себе презир, непопустливост и казна за оние што се млади и непокорни, но очигледно способни да ја платат највисоката цена за таа своја непокорност, за тоа свое несогласување и за мечтата за нешто што го нема, но треба да дојде, зашто без него нема смирување и среќа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Можеби брзо по ова ќе последуваа и некои пакосни веселости на негова сметка, зашто случајот самиот тераше да биде искористен, - но настапи школскиот распуст, девојчето замина во некој град во Србија, а Соколе само одвреме-навреме ќе наминеше во берберницата, дека немаше сега зошто да иде.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Сега таа сала, огромна и спарена, ќе му се искикоти на живиот и мртвиот Арсо, вака рамнодушна, љубопитна и пакосна.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И, за да се одрече од она што го немаше, со пакосна радост пронајде дека е дамкава, плашлива, молчалива, покорна пред слободата трепетливост на машките.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И, за сѐ одрече од она што го немаше, со пакосна радост пронајде дека е дамкава, плашлива, молчалива покорна пред слободната терепетливост на машките, пред да ја изгради таа увереност, веќе и говореше.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Лицемерни, подлизурковци, лажговци, зависливци, пакосни, никаквеци до дното на душите.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Го гледав како стои пред мене со расчекорени нозе и ми заприлега наеднаш на џинче, качено на дрво, та сега со пакосна наслада гледа одвисоко на сѐ што е големо.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И тогаш, за време на една целосна тишина, прекинувана само од тупкањето на задната нога на ловџиското куче, кое се бореше со некоја пакосна болва, Сем нежно и внимателно ја врза својата гитара преку седлото и ја стави над кабаницата и капутот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сакаше да прсне вратата во илјада искри, да влезат прогонувачите со гладни челични цевки свртени кон неговото грло, да го уништат, со неговото уништување да ја уништат и парадата на пакосните портрети родени во пијана занесеност на оној што ја остави својата седалка за милување и појде, го уверуваше, по лекар.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Овој пакосен совет беше само гракање.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Повеќе