пакосно (прил.)
Тој пакосно се смешкаше и уште од далеку ѝ рече: - Не плаши се, невесто!
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Најтажна е помислата дека оние на кои некогаш им требаше твоето друштво, излезе дека било одвишно и пакосно.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Арсо ги дофаќаше гласовите, насмешливи, пакосно развеселени, ги чувствуваше врз себе погледите што сожалуваа, осудуваа, навредуваа и сето тоа како тежок товар паѓаше врз него.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
А од собата пакосно трештеше неговата зелена смеа.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)