паланечки (прид.)
Вршејќи истрага околу ова убиство, властите успеале да откријат оружје и да ја откријат месната организација, а потоа, преку средства познати од времето на инквизицијата, успеале да ја откријат конспиративната мрежа на Организацијата во Штипска, Кратовска, Паланечка, Радовишка, Кумановска и Малешевска каза.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Значи, таа народна уметност, онака како што ја замислува Партијата на власт, не е ништо друго, туку еден вид специјална културна полиција, која треба да го заштити паланечкиот конзервативизам и духот на простиот, недограѓанет селанец, кој има желба да создава уметност!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Таков провинцијален експанзионизам, таков фрустриран паланечки дух, кој за сексот и аналните искуства говори само под маската на обредот, кој во суштина е обред на една политичка партија, не нуди никакви перспективи.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Да не ме избрка од неговата територија, од неговиот усмрден, голем, а всушност ситен, паланечки свет?
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Во публика Фрчко, Јане Миљовски и пар сподоби шо немаат ни благе везе од џез, а добиле гратиси преку некоја фирма или швалер со цел да ги покажат своите гнасни сурати и да одглумат елита сокривајќи го своето паланечко потекло.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Во такви услови, правењето на културно списание кое држи до некаква си компатибилност со светските културни случувања, и кое не е само одвратна локална збирштина на паланечки трубадури што така, будалесто безглаво, ќе заталкаат и во 21 век од своите деветнаесетовековни собички на еден елегичен националромантизам - е прилично деликатна работа која бара барем толку идеализам и романтизам колку што имало во вистинскиот 19 век, кога публиката (на Маларме, на пример) се броела на прстите од рацете. 4 Margina #10 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Иако дечките што изгледаа како обични дечки, на кои се гледаше старомодна, стандардна мажественост, честопати беа еротски објекти на цена, многумина од новајлиите во геј-гетата постепено доживеаја разубедување од своите старомодни, рустични, паланечки, непросветлени гледишта – од своите „емоционални јанѕи“ и од „неослободените“ ставови – вклучително и од придржувањето кон крутите родови стилови, кон несоодветните романтични мечти, кон рестриктивната сексуална моралност, кон политичката конзервативност, кон божемната чедност и кон други малограѓански вредности.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)