палачинка (ж.)
Мене дајте ми палачинки со мед!
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
И што уште за Виски Вокер да се рече? место пиштол наметнал фута и палачинки за љубената печел.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
Плусот секогаш го добиваше за време на фестивалот на палачинката, кој секоја година се одржуваше во почетокот на јуни.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Јас веќе почнав да го вежбам тројното салто на палачинката, го вклучив засилувачот да се загрее и го подготвив твојот омилен репертоар на стари, забавни, македонски, најубави...
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
На Иванчо, претпоследното, четири години старо, му дадов првин една „кики“ карамела, потоа дома, палачинки, а на крајот му ги бришев мрсулите. Не можев да престигнам.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Гозбата беше бесконечна. Кети, со помош на едната или другата ќерка, постојано донесуваше слатки работи, ореви, овошје и палачинки.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Вечерта Томо беше задолжен за скарата, Рада за палачинките, а Јана за питата. Онаа истата по теркот на нејзината баба.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Мене ми се допаѓа дека од сите страни до неа се доградени соби и сопчиња, така што ако таа се погледне оддалеку, тогаш се гледаат само крововите, насадени еден на друг, што многу наликува на чинија наполнета со палачинки, или уште подобро, на габи, што растат на дрво.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
И си го видов срцето сред слама, во една кошница за остриги! (Флобер во писмото до Жорж Санд) - Зарем не е банален тој глагол! – театрално се размавнува со рацете Хорацио Цвикало – Сакам палачинки со ореви!
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Брегот на Бретања, старите замоци, најубавите специјализирани ресторани за палачинки, сонцето на Бретања, небото, звездите, прекрасната вила, моето второ семејство... Времето многу брзо помина.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
- Јас сум реалист – ми велеше Кеавиер, додека, пред Халите, го пиевме топлиот џем од палачинките меѓу прстите – сета наша литература е реалистичка.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Покрај убавиот ручек таа им направи и палачинки, кои посебно ги сакаше Мирко.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Он повеќе сака палачинки од крем-пита или од некоја убав американски пудинг.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)