паметник (м.)
Не прашав дали си кренавте паметник но вашите раце од мрамор веќе ми тежеа на рамото.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Зар да го осудиме принцот на Честољубието Ние што знаеме од најрано детство Дека речиси на сите паметници на великаните Високо кренатата рака од бронза Иако празна нѐ храни со надеж!
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Татко остануваше непоколеблив поборник на тезата дека некаде се кријат запишаните вистини, крај толку паметници на отоманското време.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Дури и паметниците подигнати од цврст материјал не ги издржуваат лутите промени на сезоните".
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Посака да ѝ кренеш паметник на твојата љубовна авантура со онаа Стојна ли, Стојка ли? - за момент ми се причини дека се обидува да ме исмее Даскалов.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Најчесто го минуваше времето во татковата библиотека, паметникот на неговото најживо присуство по исчезнувањето.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Времето не им е соујзник. Ги глода. Не се даваат, спомен се, паметник на тага и крв.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Турците му предложија, наместо да му ги отстапат посмртните останки на Ханибал, на истото место да се изгради голем мавзолеј, кој би сведочел против римскиот империјализам, но во исто време би бил паметник на турско-туниското пријателство.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Нејзините урнати паметници повторно се обновуваат, иако наскоро тие повторно ќе исчезнат.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Се заморив од летот и светот, Нема што да сетам, нема што да видам Стигнав бигор - паметник да бидам.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
Ми одговори дека нема такви паметници што го величат злото.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)