партиец м.

партиец (м.)

Татко ми, впрочем како придојденик во градот, без рода и блиски, ако се исклучат козите, тие туѓи организми во семејството кои со времето толку соживејаа и станаа дел од него имајќи го на ум брат ми партиец, сметаше дека не е толку мудро да се мешаме во политиката на домородците, зашто и кога ќе имаме право за некоја работа, тешко сите да ни поверуваат.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тој бавно ја оставаше книгата, ги извади очилата и пред да стигне да ги коментира мајчините зборови, на чардакот забрзано влезе брат ми партиец и од далеку извика: – Попис, попис на сите кози, наредба од високото партиско раководство.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Партијците уста не отвараа, ниту се спротивставуваа, ниту одобруваа. Седеа по канцелариите замолчени и исплашени од мечот Господов што веќе висеше во воздухот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Имаше неколку таткови сонародници и од иста вера, истакнати партијци комунисти, со некои од нив животот повеќепати му се вкрстувал, а овде беа погребани во Алејата на великаните.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Уште кога братот партиец реши да ја викаме нашата коза Сталинка, таквата опасност постоеше.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Не можевме да го заборавиме денот кога брат ми партиец пресуди, а татко ми се согласи козата да се вика Сталинка, макар што тој си остануваше верен на определбата да се ослободуваме од имиња на војсководци, светци, ослободители, да бараме имиња меѓу цветовите, природата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Чанга не беше партиец, па разговорот со татка ми му тргна лесно.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А всушност ние децата и не бевме начисто кој е Сталин, како што не беше начисто до крај и братот партиец кој го предложи името.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Доаѓаат млади партијци. Амбициозни.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Чанга влегуваше и во куќите на раководните партијци, претставниците на власта, армијата, полицијата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Татко добро знаеше дека, и да сакаше некогаш да стане партиец, не ќе можеше, свесен засекогаш дека неговото судење на другите може лесно да стане и негово судење. Со такви мисли влегуваше во Судот...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Партиецот му одговара: „Зарем имате и премиери во театарот?“
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ние децата живнавме. Братот партиец, охрабрен од претходната пофалба на шефот, прв одговори: – Балканска! – Балканскааа! – запишуваше шефот. – Немаат козите националност.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Брат ми, иден партиец, на идејата да му дадеме име на козлето, спомнуваше блиски личности од поновата историја, но тие, речиси сите, беа во машки род, па не идеа предвид.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)