патем прил.

патем (прил.)

Патем спомнува дека никој нема исковано златен прстен од 'рѓа иако 'рѓата е надарена со потребната боја.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Патем речено не сум сигурен точно дали се викаше пионерска заклетва или нешто слично, и не гарантирам во врска со точноста на извадокот од неа на почетокот на текстов.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Патем се поздравуваа и разговараа и со селаните од другите села, кои ги бодеа пред себе натоварените добичиња.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сличното се согледува во тоа што песните од „Две тишини“ продолжуваат да го демнат претурањето од мислата во јазикот кое непрекинато се одвива со секој одделен, изговорен збор на кој било говорител без ниедна загубена капка капната патем, пред содржината на Едното целосно да стане содржина на Другото.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
И зарем би можеле да се лутиме на овие сироти забревтани гудиња кои патем и ги јадеме.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Патем веројатно ќе додадеше дека ја радува неговата избирливост.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Децата патем нагоре разбраа што се случило ноќеска.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Еднаш начу таков муабет во ходникот и толку се вознемири што беше безобразен со професорот по физика, свежо-оженетото прчле со голема брада, кое доаѓаше за време на одморот за да дискутираат за секции, задачи и часови, а патем и да си ги јадат заедно сендвичите со марула или туна.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Патем речено, генерации и генерации му пцуеја мајка на овој бард на сатирата.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Ќе блеат како телиња, ќе зеваат како мамлази и едвај ќе чекаат да дојде паузата за да ги покажат своите најнови тоалети и костими со кои ќе го истакнат својот статус у смрдливата универзална сала која патем не е реновирана уште од кога е направена и за која не се знае кога ќе ѝ падне таванот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Кога патема помисли дека можеби ќе мора да се раздели од својот питачки стап, кој го носи осумнаесет години, од манастирската торба во која ја носеше иконата од свети Илија закитена со босилкова китка, — сети болка и тага на душата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Патем пак го молеше за тоа да му прости на Мирчета, но Луман му објасни дека верува оти тој Мирче е сиромав, само сака да го научи народот да знае со кого има работа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Знаат да извикуваат пароли, да јадат, патем да лежат под сенка и да си ги одржуваат чисти војничките униформи. Во Прењес сите се плашат од падавичарите.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Патем сакал да утврди случајно патот да не го тепал бадијала.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Патем ни умреа уште два-тројца. И ги испративме со очите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Му телефонирав на професорот, веднаш честитајќи му на извонредниот критичарски усет и прекрасниот стил во неговата најнова книга која, патем речено, ја немав ни видено.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Кај потпорниот ѕид над кој се издига Планинарскиот дом Шесте чешми во еден контејнер ги изпразнија ќесите исполнети со отпадоци собрани патем - искачувајќи се по рекреативната патека.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Подоцна се сетив и на она легнување во сандакот, што Ристе патем ми го прирече.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Не можиме да ризикуваме заради еден порнич, во кој што патем речено актерката не е ниту просек, свесно да се руинира организацијата на отпорот која што е градена со години.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Бошка патем го мачеа рој мисли: „Ова што ми велат да го предадам не е лошо, ама ја ако не успеат да го отепаат.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Повеќе