патриотизам м.

патриотизам (м.)

Меѓу нив има луѓе со висок патриотизам и со здраво разбирање на националните македонски интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тука тие се заинтересируваа за прашањето за нивната народност, за српските филолошки и историски аргументи за нивната народност, за српскиот патриотизам и за неговото крајно изразување во вид на шовинизам или слепо претпочитање на своето пред туѓото, за причините на српскиот шовинизам, за улогата на Србија во сегашно и во идно време во македонското прашање и за многу други важни и интересни прашања.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И најпосле, мнозина ќе забележат оти најголемата наша несреќа се крие во тоа што кај нас нема местен македонски патриотизам.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
35. Можеби и едниот и другиот се луѓе со висок патриотизам и знаење на положбата во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Колку млади генерации од спротивставените патриотизми на европските држави- нации гинеа на европските воени боишта.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Реков дека војската нема никаква врска со патриотизмот; се повикав на Ајнштајн, кој има речено дека човек кој може да маршира на воена музика, во строј, очигледно добил голем мозок по грешка, и дека за тоа му е сосема доволен малиот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Старомодната религиозна демонологија и лажниот патриотизам вешто распрскани преку телевизиските екрани, ги заменуваат рационалните дискусии на одредени теми.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сѐ што се бараше од нив беше примитивниот патриотизам, на кој можеше да се апелира секогаш кога беше потребно да се натераат да прифатат подолго работно време или намалени следувања.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Најпосле победи патриотизмот и тој со голема тага на душата испушти една воздишка и рече: „Добро.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Овде ретко кој умее да го прескокне јажето на нацијата и патриотизмот и да се затекне во Доблеста која веќе нема никакво национално или патриотско алиби коешто, ете, во „кризни времиња“, ѝ дозволува да се заборави, то ест да биде употребна доблест на оваа или онаа нација.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Но ние, надежните амбасадори, последните верници на самоуправна и неврзана Југославија (внатрешно одврзана) моравме да го кажуваме спротивното и да се наоружуваме со нужните дози југословенски идеализам и патриотизам.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не сакав тогаш на Луција да ѝ се спротивставувам па да ѝ објаснувам дека мошне често, наместо патриотизам луѓето се задоволуваат со еден вид културен примитивизам, и живеат како во полусон, убедени дека се патриоти; многу години подоцна сфаќаат дека примитивизмот на народните обичаи (во позитивната, културна смисла на зборот) не го определува нивниот патриотизам, туку дека е само еден вид културно алиби дека припаѓаат кон некое движење.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
По југословенско-советскиот судир кон крајот на 1948 година и нарушувањето на односите со Југославија, младиот брачен пар, во знак на патриотизам ќе се врати во земјата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Она што претставувало изненадување за експертите на Форин офис биле многу јасно потцртаните становишта на Еванс за националната свест и патриотизмот на Македонците.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Осврнувајќи се на националноослободителните борби на македонскиот народ, тој посебно се задржува на перспективите на Македонија по ослободувањето, бидејќи тогаш „македонскиот патриотизам го достигнал својот врв“, што предизвикало „големи тешкотии за миротворците“, бидејќи „од два и пол милиони Македонци, само еден милион живеат во границите на југословенска Македонија“, а остатокот „сѐ уште се наоѓа под грчка и бугарска управа“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Според него, повлечените граници биле узурпирани, а фактот што немало „независна македонска држава“, според Еванс, не бил резултат на отсуството на македонскиот патриотизам туку со право може да се смета дека е тоа „една од грешките или лапсусите на историјата“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Не покажавте доволно храброст, патриотизам и национална доблест против: славокомунистите!
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Проловите, обично незаинтересирани за војната, беа обземени од еден од оние нивни периодични напади на патриотизам.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Исто така ја забележал и македонската освестеност, „која оди подалеку од локалниот патриотизам“ и дека нивните тежнеења се „насочени кон слободна и обединета Македонија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Според него, нивниот македонизам не бил вештачки, „тоа е природно, спонтано и длабоко всадено чувство, кое почнува уште во детството, како и сите други патротизми“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Повеќе