пиедестал (м.)
Проблемите си ги ставав на посебен пиедестал за своевидено научно истражување.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Неговата маѓепсаност од надареноста на мајка ми, особено во кулинарските вештини, ја имам забележано од поодамна, всушност од оној ден кога по конзумирањето на убавото парче од Пасхата што ја беше приготвил татко ми за Воскресение, Лев Петрович очигледно задоволен од вкусот на празничниот колач изјави дека некогаш некој ако предложи да се постави или да се изнесе на пиедестал она што е најполезно и остварува највредни резултати во секидневието, тој без двоумење ќе се заложи тоа да бидат рацете на жената што умеат да создадат толку многу вкусни јастија наспроти трапавите и секогаш лошо приучени мажи кои на животот и не му прикажале ништо друго покрај она нивно необмислено незадоволство што неконтролирано го истураат насекаде околу себе.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Вон тие ѕидови, на чистинката опкружена со шумичка, на камениот пиедестал истрошен од времето една фаунска прилика се клешти меѓу зеленилото. Тоа е голиот Пријап.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Имаше и едно старо издание на книгата на Херодот, во која се слави јагулата и се извишува до пиедестал.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
На колкумина им пошло од рака, без лоша мисла и сарказам, да го стават малиот човек на пиедестал?
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)