пижама ж.

пижама (ж.)

Во чистиот дел на салата болните ги облекуваа во сосема нови пижами, ги ставаа на носилки и што е можно побрзо со санитарни коли ги префрлуваа во одделенијата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Прозорските стакла во барот одвај ја издржуваа силата на пролетната трамонтана, но тој носеше некакви пижами од груб памук и селски сандали.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Значи, пижами во спална се строго забранети и позади таа врата е дозволена само ноќница, и тоа кратка, многу кратка.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Првиот ден Ј се разбуди со силна болка во рацете и нозете. Се зачуди кога виде дека на себе има розеви бебешки пижами што силно ја стегаа.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Стоев сам во пиџами на вратата, го чувствував топлиот ноќен ветер, и тогаш сфатив дека Тате седи на механичката лулка на терасата и полека се ниша.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Винстон се извлече од креветот гол, зашто секој член на Надворешната партија добиваше само три илјади купони за облека годишно, а еден чифт пижами чинеше шестотини, дофати една изветвена маица и еден чифт гаќи што лежеа префрлени на столот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На Ане пижамите ѝ беа бели, а на нив имаше нацртано човечиња што возат точаци и ролшуи.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Не беше многу доцна, но родителите ги имаа облечено братот и сестрата во пижами и сите седеа во собата на долниот кат, затоа што само таа беше затоплена.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Фјодор станува, ги соблекува своите пижами, својот долен веш и ја опашува сукњата.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Пред него стои мршав човек во пижама.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Застана со колата под еден орев на средселото, ја потфати прирачната торба во којашто имаше пижами, две рала долна облека, еден џемпер за секој случај, две летни кошули, несесерот со нужните дрангулии, зелениот блок хартија и, се разбира, како што му беше препорачано, митото за Петра што неговата патна торба ја правеше значително потешка.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Со чудење ги гледаа легените за миење, садовите со вода, купиштата пижами, наметки и влечки, канти со млеко и со напитоци.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Го видов на телевизискиот екран стариот палестински раиз како стапува на француско тло, истоштен од болеста, со белата нарасната проретчена брада, со изгубениот сјај во очите, со задржаната насмевка, како на жива статуа, со живост задржана само во влажните очи, во пиџама, со сина волнена капа, во придружба на туниски и јордански лекари и неговите најверни соборци од претседателската гарда.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кога ќе стигнат пижамите од перење, тогаш ќе бидат облечени машки.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во пижама јоргован боја, како во оној излогон во Истанбул карши хотелот во кој го варат најодвратното кафе од кал.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ми беше јасно дека Луција не ме избрала мене за оној кој прв ќе има можност да го види раѓањето токму на тоа движење; јас знаев дека тоа движење на Луција не е и мое, и сакав ние да имаме само наше движење, и не сакав да учествувам во тоа, како што е природно љубовникот на една жена да не сака да ги носи пиџамите на нејзиниот претходен љубовник; ме излудуваше мислата дека таа дури сега ме допушта во себе, откако стекнала извесна предност во искуството со мене, откако го научила тоа движење и сега ете, ми го покажува, како што се покажува нов автомобил на некој кој нема никаков.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Беше утро. Топло, јунско. Спиев во моите омилени розови пижамчиња.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- Ракавите на пижамата се дигаат нагоре. Мон диеу, мон диеу!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Таа во пижама, таа со шминка, без шминка, во профил, анфас, целосна фигура.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Во огледалото одеднаш го забележав и братучед ми облечен во пижами, а зад него се наѕираше ситното телце на Кристина.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Повеќе