пизма (ж.)
Некои стари пизми на оние од оваа страна и оние од онаа страна на реката се замешаа со нови.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ама јас и понатаму не можев да разберам зошто даскалот со толку манија и пизма се нафрли врз дедо?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Таа пак не држеше никаква пизма, дури како добра комшивка почна често да му ги лее стомничките вода.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Натпреварот, како што гледате, продолжува, опуштањето и млитавоста се дозволени при вакво водство, а сетики не се земаат за големо зло и честите буричкања по сеќавањето како минатото да е сегашност и како спомените да се за најаска, а нам на Македонците, најголема најаска уште ни е меѓусебната пизма и само таа нѐ надживува сите нас.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Поправо, најстариот од нив им рекол дека сега, кога сме ослободени од едните и од другите, треба да ги заборавиме сите поранешни пизми.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тврда е земјата не само затоа што ја бијат авиони и топови, ами и затоа што ја бие и човековата несреќа и пизма...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Пизмата ѝ беше толку видлива, како нечистотија врз кожата што нема намера да се измие ни со црево.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Чувствувам празна надеж, гнила химера, чувствувам како телово ми гори во инферно, тонам во празнина, кавитација, длабока шуплина, го достигнав врвот а се чувствувам осамено, зошто со мене ја понесов омразата, злобна пизма, не сонувам и полека умирам на осамениот врв на вечноста.”
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Од тука гледа како од обете страни на езерото и во самото езеро кипи дива, нагла, страстна, непомирлива, слепа, отворена и смртна, бесна и упорна како неразуздана стихија - борба за живот и како што сѐ повеќе се разгорува омразата и пизмата.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Беше тоа едновремено и болка и пизма, и љубов и гнев, во секој случај Карер почувствува едно силовито зрачење од ликот на високосвештеникот што и него го ободри и го исправи на столицата.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Нишан
(поделено јас)
Договор е јаболко да не клаваме
во разговорот - кутија отворена:
раздорот, пан-доратот
на мегдан сам ќе дојде
во ситен кас, ненасит
јаболкото е за по дома
уште повнатре
за интимни дела
(пред употребата добро да се одмери)
уште повнатре
во умот без него
-една глава сто ума-
расцеп на личноста, пизма без име
како јас-бол, како разроко јас
поделено јаболко: поделено ти
камен-меѓник (кај и да погледнеш!)
во мојата нива коренот
во твојата плодот
а сенката паѓа на сите страни
на светот, АДАМ.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Кога ќе излезеше во чаршијата, ако ќајата на занаетчиите не го отпоздравеше, тој помислуваше на пизмата од Тодора, која ете, го следи и надвор од дома и му го поросува патот со остри срчи.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
А твоите беговски намесници учи ги да не ѝ прават зулуми на рајата и да не ѝ додеваат многу. И пизма да нема спрема никого.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Тој пезевенк, даскалот де, ми фрли пизма и внука ми ја дери.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ама кажи ми ти сега мене, кој ги сотре сите оние пред нас? Само Алах, Исус, или пизмата човечка?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Оние оправдано бранувања и оние жестоки прогонувања и пизми во дунавските краишта на Бугарија, сега се случуваат во западните бугарски краеви кои грчките учени мажи по свој ќев ги нарекуват Македонија.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)