пилана ж.

пилана (ж.)

Еднаш тој сепак го спушти јаренцето и се оддели себеси од него и со вратата од пиланата, што ја затвори добро зад себе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Набргу, сепак тие се растурија по голината на една длабока долина и Змејко уште веднаш ја изнајде напред во снегот затрупаната врата на шумската пилана.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Веќе беше истрчан низ вратата и веќе беше зел да го дроби тој снег, забиен со своите скокови во неговата длабочина и завиорен во еден огромен круг околу зградата на својата пилана, среде таа шума, чии што дрвја прилегаа повеќе на облаци од окит, а здивот веќе му збиваше во градите како триста тапани.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Остануваше со неразјадена поврвнина и под јужниот снег, имаше цврсти корени и во скочанетата земја, неговиот проник го имаше склештено сиот горен дел од пиланата, исполнувајќи ја и буката, а тој се наоѓаше загнезден и во внатрешноста на пиланата, во него беа склештени и сите делови од машинеријата, што доаѓаа во допир со водата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Папса под бесмисленоста на тој напор, дури по цели два круга околу својата пилана. Дури тогаш му текна за чекањето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А светлината, што ги усвити металните венчиња во електричните ламби, нанижани по таванот над целата просторија беше како некој мек, животен флуид, што ја одделуваше само таа просторија од сиот оној празноок, изгубен свет на сета дивина околу пиланата, позлатувајќи ја, благородена и одбрана меѓу сиот тој див простор.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Престана да биде со таа ведрина дури кога застана на горниот крај од својата пилана.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кутнатиот беше тој, и сега требаше да продолжи да оди и да си ја скрие, да си ја засолне таа своја кутнатост во колипката на неговата пилана, и тука повеќе никој и со ништо не можеше да помогне.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
XIII. Мислеше дека ќе биде само една од вообичаените утрински прошетки околу пиланата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Нејзината волшебна молба за куќата го погоди Даниел во срцето, иако таа желба не одговараше на местото и на огромниот индустриски град, меѓу вревата на блискиот автопат и бучавата на авионите што пристигнуваа и заминуваа од аеродромот, што се наоѓаше само на неколку милји на запад, и бучавата на пиланите и фабриките кои како сртови се издигаа на нискиот планински венец, помеѓу градот и рамните предградија.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
XV. Ја затвори зад себе вратата на својата пилана во искричавата полутемнина на ѕвечкавите зимни мугри.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но тој веќе беше свикнат да го раздробува тој бес во своите мускули, секја утрина повторно упорно и повторно лудечки загазувајќи во длабокиот снег и цепејќи го неговото море со своите чекори во по неколку бесмислени круга околу пиланата и враќајќи се од таму секогаш полн со една безумна насмевка во своите очи, тоа беше само оној, големиот Ристан, дојден во него, секоја утрина повторно извлечен од заборавот, како првпат сретнат, збеснет и див.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Другите два листа беа фотографии на водачите, стоеја тука од првото лето кога ја пуштија пиланата, имаше нешто чудно блиско во погледите на тие двајца луѓе, во чија што топла и сериозна загриженост Змејко многу често сакаше долго да гледа, мислејќи си ги своите мисли, не бес насетување и на змијарникот на своите сомневања, но и секогаш изнаоѓајќи нешто толку едноставно и срдечно, што би можел да им го рече на тие двајца луѓе, за кои знаеше доста.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Малку се израдува, кога виде како прокапаа капавиците од неговата стреа, но уште веднаш потоа виде дека и тоа беше само една слаба утеха, и дека беше потребна една многу посилна топлина, еден многу посилен замав на јужниот ветер, за да може да биде размекнат сиот оној дебел мраз, што го чуваше врзан во себе целиот свет, и што му ја скаменуваше и неговата мртва пилана.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
За сето време, додека го мислеше тоа, остануваше свесен и за својата глад, а мислеше и на следните некоку дена, што мораше да ги помине долу, во својата пилана на Белата Долина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Ќе ги пренесеме до реката, ќе ги пуштиме низ неа, а таа ќе ги однесе до најблиската пилана“ - рече учителката, но во тој миг екна школското ѕвонче.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Беше единствениот што можеше да го стори тоа, само тој и Дуко знаеја да работат со пиланата онака, како што требаше да се работи со неа, и кога веќе Дуко не можеше да дојде со него, тој воопшто не се двоумеше кога се согласи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Знаеше оти ќе има време да го стори уште тоа, а после ќе му остане само можноста да бега назад, кон својата пилана, без да губи време.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Зградичката на пиланата, потисната како недоотворена кртечина под дебелиот снежен покривач, смачкана од една дебела снежна капа, прилегаше на недопорастена печурка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој се влеваше во дебелата бука, забиена во темелот на горниот ѕид на пиланата како огромен лост, со горниот дел повисок од покривот, исто како некој шумски џин да сакал со тој лост да ја откорне и да ја преврти ничкум нивната пилана.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Повеќе