писклив (прид.)
Мислев на мекушлавците а истовремено почувствував и останав многу изненаден дека токму сега се јавува и она чувство на измаменост од сопствената волја што грдо и неодговорно ми пристапува со оној писклив глас што доаѓа негде од далеку, а сепак од мојата внатрешнина: "Ти си лажго!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Гласот им е ист: писклив и дрдорлив, но едните порано беа вистински попови и ѓакони: носеа брадишта и долги мантиести шинели.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Вербално, пак, навалував кон неблагородноста на ваквата професија и контрадикторноста со реалните интелектуални способности на нејзиниот сопственик, до онаа мера која ги претвори во пискливи звуци неговите објаснувања: – Ќе полудам - извика - од овие дедовци и баби со кои живеам!
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Морам да прекинам. Пискливиот глас на водникот ја пара утринската тишина. Одиме во напад...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Сепак, нејзините рачиња како тапанарски стапчиња зафукаа по снагата на Вангела и она тупа туп тупа туп тупа туп го надгласуваше само нејзиниот писклив глас Абре магаре непрокопсано, нели синоќа легна од оваа страна?
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Потоа настана пауза. Паузата Италијанецот како да ја почувствува непријатно, испи уште една чаша вино и рече со поткренат, писклив глас, гледајќи во кметот и учителот.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Ние, стотици деца, застанавме крај оградата и, држејќи се за сребрестата жица со остри боцки, го слушавме пробивниот и писклив ту покорен, ту испрекинат, жалосен и молбен глас па Ѓорѓи и бавното суво и едностојно клопотење на тркалата и коњските копита по нерамната калдрма.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Секој нејзин збор беше проследен со писклив потсмев што Самоников одвај го задржуваше помеѓу забите.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
За било што, за најмала ситница, подвикнуваше и се расправаше: гласот ѝ беше писклив, крикав како на птица грабливка.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
— Гласот беше толку писклив што сите се обрнаа назад да видат кое е тој што се осмели на сретсело да ги нарече чорбаџиите глодачи.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И ете очите светат, зборот е писклив и зарипнат, дури не изгаснат очите негде в мрак на враќање по кални патишта.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Исто таква хартиена врата склепана од летви а облечена во хартија, со писклив крцкот се подотвораше на внатре и малку го откриваше железниот кревет со дебел и мек сламарник и неколку војнички куверти врз него.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Постојаното ѕвонење на камбаната, ги возбудуваше и птиците кои кружеа над манастирот и кричеа, ги возбудуваше и пауните во дворот кои постојано испуштаа гласови, силни, пискливи; и добитокот рикаше во шталите, блееја овците - се чинеше секоја живинка се радува.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
И додека си ги бришевме солзите и престанавме да липаме, штом го поминавме тунелот, слушнаме пробивен и писклив женски глас: - Доаѓаат!!!
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Вториот пат скршената срча ѕингара, како со некој писклив кикот, по сета улица.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)