питач (м.)

Деновите по разврвените Солунски улици исполнети со униформи, питачи, заводливи жени и исплашен народ ги минуваше во размисли и потрага по смислата на она што веќе беше сторено.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Низ градот не можеш да поминеш од питачи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ај сиктер оттука да не ти излеза да ти и скрша коските со тој бастунот шо си го кренал како питач?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Да влезам како питач со тажен израз и подадена рака - молам пари и љубов; кога ќе станам економ на едно планинско градилиште ќе ви пратам света планинска водичка и чесно ќе се оддолжам.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Со коса што му паѓаше над обраснатото лице, во стара парталава бунда од која рацете му ѕиркаат како две полурѓосани лопати, плашливо реагирајќи на секој посилен шум, во очите на Градот припаѓаше на онаа група питачи што се прикрадуваат до кантите за ѓубре и претураат по нив, обѕрнувајќи се како гладни пци.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Во тивката вечер бавно и смирено одекнуваше шумот на неговите стапалки, стапалките на парискиот питач.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Не ги пушташе ни луѓето што вртеа околу манастирот дојдени да се молат на гробот од свети Наум за спас, ниту питачите што бараа леб.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И тој се изненади: - Јас мислев питачи идат, а тоа наши луѓе дошле, - рече тетин Доне врзан со пороже околу појасот преку ќурдијата, и со истата онаа донесена паларија што ја имал од времето, со мустаци чии влакна секогаш стоеја наежено.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Седум генерали, ни големи а ни мали, под еден се мустаќ тежок; раце шират - в преграб жежок го стискаат царот питач, со него и принцот клепкав, царицата боса, лита, принцезата нос што чепка, танка и со фустан скинат, и уште и песот царски, со некоја муцка луда, но со меч и пелерина...
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Надежта, што се вели, и питачот го прави богат...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Еден слеп питач и мнозина смрзнати питачи по улиците имаа блажена насмевка на лицата, како смртта да ја чекале со нескриено задоволство и среќни и насмеани умирале. Се раѓаа и смрзнати деца.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
„Од еден питач слеп, кому, како и на секој питач дланката му е благајна Христова, оти кој на сиромавиот му дава – на Христоса му дава, разбрав дека светите мошти на светецот велик сѐ уште лежат в море.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Не е важно колкав е шаторот во кој си се родил“, му велеше, „и учениот питач е поголем од неук големец“.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Камениот мост е населен со питачи, продавачи на семки, гаталци, голтачи на оган.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Е, што да правиш, ние беќарите сме како питачи: секаде ќе тропнеме, а каде што ќе ни отворат таму ќе влеземе. (Секој збор на Анѓелета предизвикува смеење кај жетварките.)
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Премреже, несреќичка: вчера се котел и плачел над Калпаковиот гроб, денес станал питач по женско месо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Не сум питач, со закана стушено се исклештил Онисифор Мечкојад; забите не му се гледале од густата четина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Каде сте проклети песни?“ „Една госпоѓа ги собра, зар не виде?“, Праша слепиот питач од Камениот мост.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Беше гладен, чуваше во себе едно тивко сожалување кон оние неуморни питачи, што и молитвеа на ноќта, клекнати поколеници и загледани во ѕвездите, но сеедно со чувството колку бесмислено може да биде тоа нивно празно завивање.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ноќта, таа топла тивкозборка, Таа галежна добротворка Колепка на питачите и талкачите...
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Повеќе