плата (ж.)

Треба да се потенцира дека со оваа измена престана да се применува концептот на загарантирана минимална плата со закон а која претставува загарантиран минимум под кој не смее да биде исплатена плата на работникот.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ќе издржиме до купоните и платата од идниот месец... – На децата им здодеа од питите, јуфките... од брашното со вода... децата, пуста јас, со месеци не вкусиле млеко – продолжи мајка ми загрижено.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Имајќи предвид дека ова е бруто износ, може да заклучиме дека просечниот износ за нето плата под кој работодавачот не може да врши исплата на плати, значително е намален.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Согласно законот од 1992, висината на регресот за годишен одмор можеше да се исплати најмногу до висина на просечната месечна плата по работник исплатена во стопанството, додека висината на отпремнина при заминување во пензија можеше да биде исплатена најмногу во висина на трикратен износ од просечната месечна плата по работник исплатена во стопанството.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Дали ако мислам позитивно би успеал да станам тајкун со поштена работа од 8 до 4 и плата од 200 евра?
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Имав дечко со кого живеев во стан, ме запишаа на факултет кој го платија неговите родители само за да учиме заедно, така што беше на повидок да ме вработат на многу фина работа за која сонуваа повеќето битолчанки и со која плата ќе живеев убаво и ќе си го плаќав факултетот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Покрај платата добивав пари и од фондот што се формираше благодарение на нашата работа на теренот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
- Не ме мајтапи сега и ти, - му замери Методија. - Сум ти кажувал како на свој човек: слушај ме, вели па ако дојдат нашите пандури ќе бидеш, од плата ќе живееш.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Со својата солидна плата можеше да си дозволи и поголемо финансиско опуштање.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Пред некој ден ги расчистував старите работи во гаражата на татко ми во населбата, која сега веќе е одалечена само неколку минути возење од старата зграда што не му потклекна ниту на земјотресот и го пронајдов плишаното зајаче што ми го купи чичко ми од првата плата. Преживеало!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Работење и плата која целата ќе оди за сметки и кирија.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Платите и надоместоците на работниците ги определува стечајниот управник во согласност со закон и колективен договор, а врз основа на претходно добиена писмена согласност од стечајниот судија.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Нивната безгрижност се косеше со строгиот закон кој ѝ се додворуваше на Европската Унија толерирајќи ги само оригиналите, кои чинеа четвртина од просечната плата на македонскиот работник.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Во воз на влеча немаше плата сметки се редат, фамилија страда извршител крвник тропна на врата кај има сила не барај правда Роди се човек роб биди животот мачен од лопови, гниди секое лето на одмор на Вардар секоја зима на маса со ајвар Пуста да остане економска криза реши да земе иселеничка виза партали собра во Канада слета татковино курво, децата ги еба
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Никого не го интересира колкава плата имаш, како си ја платил колата или колку ти кошта куќата.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Ова би значело дека доколку просекот на гранката е понизок, би се пресметувале и исплаќале пониски придонеси од плата за таа гранка, и обратно.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Плус ми дојде навистина заморно работењето за плата, која целата ми одеше за сметки и кирија.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Таа сигурно не зависеше од тенката државна плата.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Минималната плата е дефинирана во чл. 2 во ЗМП и истата гласи дека минималната плата претставува најнизок месечен износ на основна плата која работодавачот е должен да ја плати на работникот за работа извршена за полно работно време и исполнет нормиран учинок.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
И најпосле, ако Организацијата и македонската емиграција во Бугарија, особено оној дел од неа што има или државна служба со убави плати или се занимава со журналистика и со тоа има убави доходи и големо влијание на бугарските работи, така што се јавува со кандидатура за министерски места во Бугарија или си има други згодни потфати, -дали, велам, и без помошта на таа наша колонија е возможно некакво особено пројавување на нашата преродба, а имено во таква смисла како што ја спомнав, т.е. во полно одделување на нашите интереси од оние на балканските народи и во развивање меѓу македонската интелигенција и народот македонско народно самосознание?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Повеќе