платно (ср.)
Само иронии можам да претставувам, да шлакам по платното, тоа заслужуваат овие неранимајковци – со возбуда во гласот додаде. –Во трите галерии пројдов!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Под платното се подаваа раце, кои ги држеа колците и јажињата со кои шаторот беше зацврстен за земјата.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Сината маичка си ја имаше изгубено првичната боја и повеќе личеше на апстрактно платно со огромни модри дамки.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
- Оние платна веќе нема да ги распнувате! - рече дедо Димо. - Ќе уредиме спиење во плевната.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Илузорно платно на ограничен простор чии крај се сопствените агли.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Тие уште употребуваа борина за светло што сами ќе ја насечеа по боровите кории, тие уште носеа кошули од домашно ленено платно, тие уште јадеа домашен, црн ’ржен леб, иако цело село од поодамна се беше свртело кон готово, купечко бело брашно.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Го побара на својот колан ножот со кадифена дршка но не стана да го издупчи платното од кое стрелаа очите.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Гледаше во некаква книга со корици од сино платно.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Врвевме по алејата на великаните. Се наслушнуваа лелекања на тажачките кои никако не успеваа да пронајдат доволно ветки за да ги спрострат своите црни платна на болката.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Обично платното се ткае еден лакот широко, а ова платно тетка Сава го истка лакот и половина широко и повеќе од три лакоти долго.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Експертите по сликарство, спротивно, откако со пробивен поглед, низ трепките или окалките, ќе се здобијат со општ поглед, односно впечаток за сликата, му се доближуваат на платното со бесшумен чекор на ловец кон дивеч и со око како лупа во едната а со нокот како пинцета во другата рака почнуваат да чепкаат по боите а особено под боите, во потрага по тајната или прелагата на мајсторството.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Модрици по телото, очај во душата, чиста рапсодија и ужасна мелодија во умот за нагрдената убавина и помодрената слика на платното.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Тогаш ќе си дозволеше малку слобода, па на некој остаток од платно или картон, гребејќи по дното на празните кантички со бои и со некое зафрлено чкорлаво четкиче ќе измачкаше нешто за кое видно се беше потрудил да заличи на слика, но за туѓи очи уште беше неповрзана фантазмагорија.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Всушност, на платното немаше ништо друго освен кругот и потписот, но авторот беше многу љубезен и несебично одвои време да ми ги воочи горенаведените подробности, а тие беа толку очевидни, што ме фати срам поради моите глупави и излишни прашања.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Целата оваа реалност е наметнато, екранизирано платно на сиви сенки, кукли од партали, гротескна претстава на сурогати, црно бели копии без идентитети кои моментално атрофираат ако врз нив истурите шолја црно кафе.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Обземен од страсниот творечки порив, растреперен до крајни граници, сликарот длабоко ја почувствува душата на овој крај и со целото свое суштество копнееше да го оживи на платното... Но како?...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
За десет дена наслика десетина платна.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Веќе ти е платното в дланка и четката и боите и раката прв пат ја чувствува изненадата на непознатите трпки.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Спроти џамлакот стоеше платното што го сликаше на ногалки од школска табла, а под неа кантички со бои, шперплоча како располовена крушковидна тиква за мешање на боите, шише терпентин и ќупче четки во различни големини и уште едно ќупче шпахли, исто во различни големини.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Така тој мачкаше платна што не се продаваа како слики, а таа ја крпеше живеачката што се кинеше токму кога мислеа дека им е убаво.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)