плашливо прил.
плашливост ж.

плашливо (прил.)

Тихо и плашливо се подотвори вратата.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Плашливо и несигурно почнаа едноподруго да преминуваат кон нас.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Само што овој втор ноќен гостин одеше спокојно, како да не му е првпат да поминува од тука и не се обзираше плашливо на секој шум.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Тој отпрвин стоеше како закован за земјата или плашливо се потргнуваше настрана.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Одзади глобусот плашливо гледаше со бели очи старогрчка гипсена богиња.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Девојка под чија црвена блуза плашливо дишат две дојки.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Како да бев во една од куќите на Кукулино: од огниште на кое виси поцрнет котел се шири црвеникава топлина, удира во луѓето и им ги брише од лицата грижите и годините: светлоста се мрешка по земјениот под, мислиш вода е над кој минува здив на ветар: чкрта стара маса на долги нозе, на неа е дрвена карта со ракија, зад луѓето плашливо трепка око на кандило и потсетува на заборавена ѕвезда под проѕирни партали на пајажина: топло е, животот е далеку од светот на домаќините и гостите, обесената низа лук на ѕидот брани од урокливите очи на темницата зад прозорците. ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ја подотвора плашливо вратата и ме најавува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Очите ѝ се наполнија со солзи - ја заврте главата кон прозорецот... Ѝ пристапив, плашливо ја прегрнав и нежно ја бакнав по косата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Со коса што му паѓаше над обраснатото лице, во стара парталава бунда од која рацете му ѕиркаат како две полурѓосани лопати, плашливо реагирајќи на секој посилен шум, во очите на Градот припаѓаше на онаа група питачи што се прикрадуваат до кантите за ѓубре и претураат по нив, обѕрнувајќи се како гладни пци.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Темнината се витка, трепери и се раскинува во плашливо буричкање со светлоста од свеќата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Талкач во мојата непроодна душа Си Ти Незгаслива жега, пеколна суша Си Ти Како солзи што в грло ме гушат Си Ти Како цвет на крајпатна дива круша Си Ти Како тихо ехо што в мисли го слушам Како вител спомени што ме рушат Граблива птицо плашливо молам – твојте номадски крилја ги свиј! 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Во сето тоа Дедо Мраз зјапаше, плашливо збунето, до оној момент кога најубавата кукла повторно му го одвлече вниманието, кога нејзината виткост ги надрасна сите убавини што поиграле пред неговите очи, сите волшепства што зачукале на неговото срце.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Влегов во работата мошне плашливо, како помошник во просториите за монтажа на документарни филмови во Лондон.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Долгиот запре, чкрапна кибрит и тенко жолто пламенче затрепери плашливо на врвот од дебелата лоена свеќа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Спијат, плашливо си велеше и на прсти влегуваше во спалната, не палејќи таму светлост.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Срната внимателно и плашливо го подаде муцето кои сенцето што ѝ го подаваше бате Јоле, го подушка, малку се поремисли, подразгледа наоколу и фати да си јаде исто како што од рака ни јадеа јарињата и јагнињата.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Плашливо се приближуваше, како да не се допираше до земјата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Свирнал. Ежот, затреперувајќи во својата претпазливост, плашливо ја спроврел од игличестото кожувче малата муцка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Прими го богатството мое и споменувај ме во своите молитви, - театрално, со остра нотка на иронија, рече Глигор и ги истури џебовите во плашливо подадените раце.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Повеќе