пливање (ср.)
Ќе го развиете своето тело со тенис и пливање. Својот ум со одбрани четива.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Последен доби и гума и мускули за пливање, но не научи да плива.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Седеше врз таа проклета гума за пливање, а лицето му се изобличуваше од болка.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Гаврил, без никаков комплекс што неговото семејство доаѓа од една мала далечна земја, се гордееше со нас и гледаше да нѐ запознае со повеќе другари и другарки од пливањето, од факултетот по информатички науки, цимери од кампусот, од организацијата на интернационални студенти, со неговите професори, тренерите по пливање и многу други.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Си помислив, добро е ќе одморам малце, а притоа нема да ме мачи помислата дека ќе пропуштам уште еден ден сончање и пливање.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Не се покајав, зошто плажата од хотелот беше прекрасно место со многу бистра вода за пливање и чиста и мирна плажа.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Тој ден игравме шах; отидовме во самопослуга да ми купи сладолед; ни пресече студена лубеница по ручекот; ни скина грозје од лозницата над терасата; ми вети дека ќе ми ја залепи гумата од велосипедот; го капевме кучето Синга во пластично легенче, а тетка Јорданка (жената со која живее, а за која јас често го прашувам дали може да се рече дека му е девојка) го триеше со шампон; ми предложи да одам заедно со нив десет дена во Охрид пред да ми почне наставата во училиштето; се радуваше кога му раскажав дека во Тиват ме избрале за втор придружник на Мистер на летувалиштето; ми честиташе што сум бил победник во натпреварот по пливање...
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
На креветот во дневната соба пред да падне во постела седеше врз гума за пливање како мало дете кое уште не проодело за да не се преврти на едната или на другата страна.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Светот настанал од влажен збор. (настанокот на светот според Догоните) во мигот на зачнувањето влажен е и воздухот и вагиналните ѕидови, температурата триесет и седум степени, умерено до значително облачно со услови за краткотраен дожд. никогаш не си земал часови пливање, но грбно ти оди добро. со секое проѕевање во матката по малку и голташ - протеини, јаглени хидрати, електролити и уреа. спокојно се нишкаш на тој воден кревет. како човечка рипка дремеш во мракот. потоа шок - со плач протестираш кога меурот ќе прсне и мокриот остров ќе се претвори во непрегледно копно.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Се случуваше во летните месеци прошетката да биде заменета со сеанса на пливање.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Таму тој учеше, тренираше пливање и ватерполо, се натпреваруваше за училиштето со други училишта од државата Масачусетс и од Соседните Држави.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Ја замислив како патува со децата во товарниот воз, и додека се така збиени во мракот на вагонот, им раскажува за патувањето што ги чека, им ветува море, игри на песокта и пливање.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Па сепак, умртвени, најмогу се грди перките за пливање што немаат идеја.
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Секој од нив има свој ритам, свој стил, свој замав во пливањето.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Топка за вода, топка за фудбал, за баскет, маска за ронење, пераи, гума за пливање.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
А нив мораш да ги возиш (покрај ова и пливањето, најтешката работа во животот).
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Сакав утрото да станам рано и, како што е редот, да си го исполнам денот со пливање, сончање и долги прошетки.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
2 Повторно утро, топло сонце и желба за пливање. Пак се најдов на Канео..., иако рано веќе имаше неколку добро истонирани машки тела за плакнење на утринскиот мамурлак.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)